Vila Tri Platana - sopstven prevoz (53)

Куќата Три платани е сместена над плажата Валтос од која ја делат 100тина метри (oколу 50 скали и патека). Куќа е со еден од најубавите погледи на море. Уште еден од симболите на Парга, Венецијанската тврдина е исто така на стотинак метри од куќата. На 50тина метри е прв маркет, а еден од најпознатите ресторани во Парга “The Three Plane Trees” е веднаш над истоимената куќа.  До шеталиштето со таверни, ресторани, кафетерии, барови и продавници ќе пристигнете за 5 минути. Од пристаништето поаѓаат бротчиња до плажите Лихнос и Саракинико.

Куќата располага со трокреветни студија како и четворокреветен апартман. Сите сместувачки единици имаат поглед на море и Валтос плажата. Сместени се на приземје, но поради конфигурацијата на теренот терасите им се во висина на прв кат. Едно од студијата нема директен излез на сопствена тераса, но и таа е со поглед на море и не е пролазна (студиото е ценовно одделено и со пониска цена од останатите). Апартманот има две простории, спална соба со француски кревет и дневна соба со кујна, трпезариска маса и два големи каучи на расклопување. Кујните се основно опремени (основни садови без тава, фрижидер, решо, основен прибор). Сите се со сопствено купатило, тераси со гарнитури за седење, ТВ и клима уред чие користење е со доплата на лице место (6 еур на ден). Замена на постелнината е на половина од престојот. Сместувачките капацитети немаат пешкири. Гостите сами се грижат за хигиената во сместувањето. Куќата нема паркинг. Достапен е и бежичен интернет за чија брзина не можеме да гарантираме.

 
 

 
  • УСЛОВИ

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.