ХУРГАДА 2020

ХУРГАДА ЛЕТО 2020

Термини:     16 / 23 / 30 август

                      06 / 13 / 20 септември


Хотел

Услуга

Цена по лице

1во Дете

2ро Дете

3то возрасно лице

KING TUT 3*

Стандардна соба ( 2+2)

7AI

429 €

290 € ( 2-13,99)

290 €   (2-6,99)

378 € (7-13,99)

429  

MINAMARK RESORT 3*

Стандардна соба ( 2+2)

7AI

443 €

290 € ( 2-13,99)

290 €   (2-6,99)

385 € (7-13,99)

443  

SEAGULL RESORT 4*

Стандардна соба ( 2+2)

7AI

457 €

290 € ( 2-12,99)

290 €   (2-5,99)

392 € (6-12,99)

457  

LONG BEACH RESORT 4*

Стандардна соба ( 2+2)

7AI

457 €

290 € ( 2-12,99)

290 €  (2-5,99)

392 € (6-12,99)

457  

SUNNY DAYS SPA & AQUA PARK 4*

Стандардна соба ( 2+2)

7AI

457 €

290 € ( 2-13,99)

290 €   (2-6,99)

392 € (7-13,99)

457  

MARLIN INN AZUR RESORT 4*

Стандардна соба ( 2+2)

7AI

475 €

290 € ( 2-13,99)

290 €  (2-5,99)

399 € (6-13,99)

457  

BELLA VISTA RESORT 4*

Стандардна соба ( 2+2)

7AI

479

290 € ( 2-13,99)

290 €   (2-6,99)

403 (7-13,99)

479  

CORAL BEACH HURGADA 4*

Стандардна соба ( 2+2)

7AI

479

290 € ( 2-13,99)

290 €   (2-6,99)

403 € (7-13,99)

479  

AQUA VISTA RESORT 4*

Стандардна соба ( 2+1)

7AI

508

290 € ( 2-13,99)

/

508  

PRIMA LIFE MAKADI RESORT & SPA 5*

Стандардна соба ( 2+2)

7AI+

530

290 € ( 2-13,99)

290 €   (2-5,99)

429 € (6-13,99)

530  

ALBATROS CITADEL SAHL HASHEESH 5*

Стандардна соба  (2+1)

7AI

560

290 € ( 2-13,99)

/

560  

JAZ AQUAMARINE RESORT 5*

Стандардна соба  (2)

7AI

580

/

/

/

 

ЦЕНИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

- 7 ноќевања на услуга All inclusive

- Аеродромски такси

- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Хургада - Скопје

- дозволени 20 кг чекиран багаж по лице

- Трансфер аеродром - хотел - аеродром

- Организација на аранжманот

- Египетска влезна виза – БЕСПЛАТНА

- БЕЗ  PCR тест

 

ЦЕНИТЕ НЕ ВКЛУЧУВААТ: 

Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци Патничко осигурување

 

Напомена: 

Деца до 2 години се сметаат за бебиња и плаќаат само такса од  25 евра

Потребно е да имате пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на Вашиот престој.

 

НАПОМЕНА

  • ОРГАНИЗАТОРОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ГО ОТКАЖЕ АРАНЖМАНОТ ИЛИ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА, ДОКОЛКУ НЕ СЕ ОСТВАРИ МИНАМАЛНИОТ БРОЈ НА ПАТНИЦИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИСТИОТ
  • ОРГАНИЗАТОРОТ НЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И  РЕДОТ НА ЛЕТАЊЕ НА АВИО КОМПАНИЈАТА КОЈА ГО РЕАЛИЗИРА ЧАРТЕР ЛЕТОТ.

 

ОПИС НА ХОТЕЛИ

 

  • MARLIN INN AZUR RESORT 4*

Marlin Inn Azur Resort се наоѓа во областа Ал Ал Mamsha Ел Seyahi во Хургада, опкружен е со трговски центри и голем избор на ресторани и барови. Се наоѓа на 3 км од аеродромот. 

Marlin Inn Azur располага со 419 соби, широко пространи и опремени со централна климатизација, телефон, минибар, сателитска ТВ, сеф и фен. Интернет пристап бесплатен во јавните простории . 

Базен со лежалки и чадори, приватна плажа, како и разни дневни активности на плажа. 

Сауна, џакузи и масажи се достапни со парична надокнада. 

Хотелот располага со 4 барови, 3 во хотелот и еден на плажа, сите се во концептот All Inclusive

 

  • MINAMARK RESORT 3*

Хотелот се наоѓа во центарот на Хургада, во областа Сакала, на самиот морски брег, а аеродромот е оддалечен 7 км. Близу е до трговските центри, ресторани и барови, а само десет минути пешачење од популарната марина. Плажата е сопствена, песочна, а употребата на чадори и лежалки е бесплатно за гостите на хотелот.

Хотелскиот комплекс се состои од главна зграда со рецепција и мал дел на сместувачки капацитети  надвор од централната зграда. Хотелските содржини се: базен, со детски оддел, два ресторани со интернационална кујна, 3 ресторани a la carte, 3 барови, пинг-понг, билијард, одбојка на плажа, училиште за нуркање, ноќен клуб, интернет кафе, услуга за перење, детско игралиште, анимација за деца. Wi-Fi-то е бесплатно во лобито, додека во собите дополнително се наплаќа.

Хотелот има вкупно 299 соби, од кои повеќето имаат балкони, и се поделени на standard, superior ( поглед на градина или делумно поглед на море), deluxe (поглед кон море или базен) и семејни (две одвоени соби). Сите соби имаат клима, ТВ, телефон, мини-бар. Услугата е all inclusive  (појадок, ручек и вечера, закуски, безалкохолни и алкохолни пијалоци од домашно производство).

 

  • KING TUT 3*

Хотел Кинг Тут се наоѓа во близина на центарот Sakala, а од аеродромот е оддалечен 5 километри. Лоциран е директно на песочна плажа. Хотелот располага со 133 соби. Сите соби имаат клима уред, мини бар, телефон, сателитска ТВ, фен за коса и балкон. Гостите на хотелот располагаат со 3 главни ресторани (од кои едниот е на плажа), 4 барови ( еден е на плажа), базен, сауна, jacuzzi, простории за масажа и анимационен тим за забава за време на целиот ден. 

 

  • LONG BEACH RESORT 4*

Long Beach Hotel e kомфорeн хотел, се наоѓа на својата песочна плажа, но поради големината на хотелot, некои делови се различно оддалечени од плажата. Лоциран е на 14 километри јужно од аеродромот и 30 километри од Хургада кон Сафаги. 

Хотелот има повеќе ресторани, Лотус - главен ресторан со поглед на базени, Ал Денте - италијански ресторан, Мараба - египетски ресторан, ресторан на плажа кој нуди морска храна, пет барови, дискотека, шопинг центар, 7 отворени базени, во три од нив преку зима ја загреваат водата, детско игралиште, детски клуб,  пешкири, чадори и лежалки на плажа - бесплатно, центар за нуркање, спортови на вода, сала за билијард, мини голф, 4 тениски и 2 сквош терени, фитнес, сауна, SPA, jacuzzi, парно купатило, салон за убавина, анимација. Има 912 соби, сите имаат тераса или балкон со поглед на море или градина, клима, мини бар / фрижидер, телефон, сателитска ТВ, купатило, фен за коса. Постојат и  соби за непушачи.  Услугата е на услуга All Inclusive (ce вклучено) според правилата на хотелот, на база на шведски стол (самопослужување).

 

  • SEAGULL RESORT 4*

Сеагулл Хотелот се наоѓа во центарот на Хургада, на самиот брегот од морето. Од аеродромот оддалечен е 10км. Се состои од две згради и секоја зграда има посебна рецепција и сопствена песочна плажа, која на гостите им овозможува целосна удобност и приватност. Гостите имаат можност да ги користат двете плажи, без оглед во кој дел од хотелот се сместени. Во рамките на хотелот се наоѓаат три ресторани во кои може да уживате, во зависнот од тоа каква храна сакате: Cleopatra & Nefertiti ресторан кој нуди специјалитети од интернационалната кујна, Dolphin beach ресторан кој нуди италијански специјалитети, Chinese ресторан со арапска кујна, Oasis beach ресторан со морски плодови и Captin Nemo's ресторан кој се наоѓа на ротирачкиот покрив кој им овозможува на гостите прекрасен поглед на градот и заливот. Исто така, хотелот има тениски терени, пет надворешни базени, како и базени со тобогани, одбојка на плажа, билијард, аеробик, ватерполо, нуркање, spa & wellness центар, aqua центар ( центар за спортови на вода), помал aqua центар за деца, мини зоолошка градина, клуб за деца, , програми за анимација, театар, кино и продавници.  http://www.hurghadaseagull.com  

 

  • CORAL BEACH HURGADA 4*

Хотелот  е лоциран на 5 минути пешачење од плажа, со поглед на Црвеното Море во Хургада на одлична позиција,  има приватна плажа и 2 надворешни базени. Исто така има тениско игралиште и продавници во шопинг пасажот.

 Располага со пространи соби осветлени со големи прозори , опремени со ТВ, купатило, клима, телефон, софа и определен број на кревети според типот на собата, балкон, сеф. Покрај тоа   располага  со Диско клуб, ресторани каде може да бидете послужени со разновидна интернационална кујна, морски специјалитети , со  повеке барови каде ќе може да уживате во освежителните коктели  и египетското кафе. Гостите може да користат и услуги на центарот за нуркање, одбојка на плажа, игралиште , амфитеатар и многу организирани забави.

 

  • BELLA VISTA RESORT 4*

Bella Vista Resort се наоѓа во центарот на градот Хургада на величественото крајбрежје на Црвено море. Ова единствено одморалиште нуди панорамски поглед на Црвено Море, приватна песочна плажа за најубаво нуркање во светот во легендарните води на Црвеното море.

Хотелот  е близу до продавници и локални ресторани и се наоѓа во делот на Сакала.

 Bella Vista нуди соби за хендикепирани лица, семејни соби и апартмани кои имаат приватни балкони со поглед на Црвеното Море или градини. Сите соби се климатизирани и имаат телевизор со рамен екран и сателитски канали како и мини бар.

 За џет-ски, нуркање и нуркањето, Bella Vista хотелот  располага со центар за водни спортови и одбојка на  плажа. Wellness на хотелот вклучува сауна, парна бања и фитнес.

 Трите ресторани на Бела Виста служат кинески, италијански и интернационална кујна. Музика во живо може да се ужива во некои од 6 барови. Алкохолни и безалкохолни пијалаци се служат во лоби, барот и диско.

 

  • PRIMA LIFE MAKADI RESORT & SPA 5*

Овој хотелски комплекс се наоѓа во заливот Макади, околу 35 километри од Хургада. Хотелскиот комплекс се состои од централна зграда и вила, со сопствена песочна плажа, со плитка вода во одредени делови. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори без дополнителни трошоци. Располага со голем број објекти: базен со тобогани и детски дел, неколку ресторани и барови, бројни спортски терени, нуркачки центар, мини клуб за деца .... Стандардните соби се двокреветни или двокреветни со екстра кревет, климатизирани, опремени со сателитска телевизија, мини фрижидер, телефон, сеф.

http://primalifeegypt.com/ 

 

  • SUNNY DAYS SPA & AQUA PARK4*

Хотелот Spa & Aqua Park Resorts Sunny Days (поранешни El Palacio и Palma De Mirette) се наоѓа во северниот дел на Хургада, десно на Црвеното Море, на патот Curniche, помеѓу Dahara и новата Марина. Од аеродромот е на 12 км и околу 3 км од Сакала, на околу 2,5 км од Нова Марина. 

Хотелот поседува две приватни песочни плажи во форма на лагуна, а третата плажа е однадвор, од левата страна на хотелот со долг корален гребен феноменален за љубителите на нуркањето (се препорачува специјални обувки). Лежалките, чадорите како и пешкирите за плажа се бесплатни за гостите на хотелот. На крајот од лагуната има корален гребен кој е одличен за нуркање и за љубителите на подводниот свет. 

Хотелот располага со 1.220 соби, Premium, Standard Sea view, Standard Lagoon/Pool view, Standard back view, Junior suite, Royal suite, Family room и Villa. Стандардните соби се од 28 м2 до 30 м2, сите соби имаат  купатило со када или туш, фен, SAT/TV, сеф, мини бар, апарат за кафе и чај, клима, телефон и балкон или тераса. 

 Хотелски содржини: Рецепција, лоби, лифт во главната зграда, банкомат, бесплатен wi-fi интернет достапен во лоби, 10 отворени базени од кои 3 се деца, 17 тобогани, од кои 7 се за деца со помали возрасти, 3 главни ресторани, 6 ресторани a la carte и 14 барови, главен ресторан "Mirette", главен ресторан "Andalusia", главен ресторан "Dana", a la carte ресторан на италијанска кујна  "Al Dente", азиска кујна „ "Chopstics" “, Арапска кујна "Layalina", мексиканска кујна "Tacos", медитеранска кујна "Seasons Terrace" и морска храна "Orca", 3 лоби барови "Crystal", "Spanish" и "Viva", билјард бар, бар "Cacao", "Marina" бар, баровите "Blue Lagoon" A и B, "Light Blue". Хотелот ги поседува базените и баровите: базен "Splash" базен "Space" базен "Pergola" бар на плажа "Caribbean" и "Water World Aqua" бар. Останатите содржини се: фитнес центар, СПА центар, диско (23 ч. 02: 00 ч.), мини клуб за деца (4-12 години), мини диско за деца, тениско игралиште, спортски терен, 2 одбојкарски терени на плажа, 2 сквош игралишта, боча, пикадо, пинг понг, спортови на вода, гнурење, дневна и вечерна програма за анимација. 
Услуга: All Inclusive - се вклучено (појадок, ручек, вечера, закуски, безалкохолни пијалоци и домашен алкохол на точење). Оброците се служат на шведска маса.  

Забелешка: 

Почнувајќи од октомври 2019 година, хотелите на Sunny Days  El Palacio и Sunny Days Palma De Mirette  формираат еден хотелски комплекс наречен Sunny Days Resort Spa & Aqua Park, за сите типови гости, како и за семејства со деца заради богатата програма за анимација и содржина за деца. 

 

  • AQUA VISTA RESORT 4*

Овој модерен хотелски комплекс го нуди најдоброто од египетскиот шарм и топлината на сонцето. Без разлика дали планирате романтично патување, активен одмор или семејно патување, тука можете да најдете нешто за секого. 

Сместен меѓу убави градини и опкружен со 3 кристални базени украсени со палми. Овој хотел има се што ви треба за релаксација и целосно подмладување со помош на разните хотелски специјални понуди, како што се  третманите кои се мешавина на антички и современи методи. Се наоѓа на 8км одалеченост од аеродромот и 21км од стариот центар на Хургада.

https://www.pickalbatros.com/ 

 

  • JAZ AQUAMARINE RESORT 5*

Jaz Aquamarine Resort се наоѓа на јужниот дел на Хургада, Jaz Aquamarina Resort има сопствена приватна плажа и нуркачки клуб. Располага со 20 базени, 3 аква паркови и голем број на ресторани и барови. 

 Jaz Аквамарин собите вклучуваат луксуз. Тие доаѓаат опремени со ТВ и минибар. Семејни соби вклучуваат посебна дневна област со софи. Некои соби имаат панорамски поглед на море или поглед на базен. 

 Jaz Аквамарин има 7 ресторани, од кои 4 се ресторани со à la carte (Азиска, Италијанска, Либанска). Во вечерните часови, во театарот е обезбедена забава во живо. 

 Mividaspa центарот вклучува и нуди заживување со третмани: терапии со вода, масажи, програми за релаксација и услуги за убавина на дополнителни трошоци. 

 Jaz Аквамарин нуркачкиот центар е идеално место од каде да се истражува Хургада - коралниот гребен. 

Во попладневните и вечерни часови хотелот организира и разни анимации за своите гости.https://www.jazhotels.com/

 

 

  • ALBATROS CITADEL SAHL HASHEESH 5*

Хотел изграден е од природни корални карпи со широката приватна плажа долга 1,6 км кој се наоѓа во Sahl Hasheesh, оддалечен 25 км од аеродромот во Хургада. Albatros Citadel Resort располага со all inclusive услуга, шест ресторани, рибен a la cart resrotan, бар на базен и два на плажа, лоби бар, caffe Mozart, слаткарница, дискотека, неколку базени на повеќе нивоа со дел за деца, две лагуни, билијард, аеробик, фитнес, сауна, џакузи, одбојка на плажа, пинг-понг, терени за тенис, разни анимации и интернационален анимирачки тим кој секојдневно организира активности. Од содржини за деца, хотелот има базен за деца, мени во главниот ресторан, baby sitting и анимација за деца.  

Сите соби се пространи и луксузно уредени и имаат воодушевувачки панорамски поглед на Црвено море.

https://www.pickalbatros.com/hotels-resorts/albatros-citadel-sahl-hasheesh/