• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БУДВА-ОСТРОГ-КОТОР (65)

ПРОГРАМА:

Ден 1 - 09.10.2020 (Петок)

Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

Ден 2 - 10.10.2020 (Сабота)

Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Патувањето продолжува кон Будва. Сместување во хотелот во Будва. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Ден 3 - 11.10.2020 (Недела)

Појадок. Потоа можност за факултативна посета на градот Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва, можност за посета на стариот град. Ноќевање

 

Ден 4 – 12.10.2020 (Понеделник)

По појадокот одјавување од хотелот. Слободно време. Во договорено време поаѓање за Скопје. Попатна кафе пауза и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море - Свети Стефан. Пристигнување во Скопје околу полноќ.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  79€ по лице


Во цената на аранжманоѕ е вклучено:

*2 ноќевања појадок во Монте Рио Будва 

*Превоз со високотуристички автобус 

*Посета на манастирот Св.Василије Острошки

*Лиценциран пратител во текот на целото патување

*Организација и реализацијa на аранжманот

*Вклучен IgM тест за антитела


Во цената не е вклучено:

*Факултативен излет до Котор 5 евра

*Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог                        

*Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место

 

НАПОМЕНИ:

*Термините за тестирање се резервирани, доколку патникот сака индивидуално да се тестира од сумата на аранжманот се одземаат 1200ден, но пред поаѓање на водичот треба да му приложи негативен резултат на IgM антитела.

*Во случај на позитивен тест, парите се враќаат во целост.