• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Санторини (34)

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1.Ден: 17. Јуни 2021. / Скопје – Македонија – Грција:

Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот спроти Хотел Holiday INN. Тргнувањето ќе биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности.

2.Ден: 18. Јуни 2021. / Грција – Атина – Санторини:

Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поаѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневните часови е предвидена факултативна посета OIA, каде ќе го дочекаме еден од најубавите и најпознатите залези на сонцето. Враќање во Хотел. Ноќевање.

3.Ден: 19. Јуни 2021. / Санторини:

Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Пиргос (највисокото населено место на Санторини) Имеровигли, Фиростефани. По разгледот се враќаме во Хотел. Ноќевање.

4.Ден: 20. Јуни 2021. / Санторини:

Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаниште и се упатуваме (со магаре или жичара, се доплаќа 6 евра) кон Фира. Враќање во Хотел. Ноќевање.

5.Ден: 21. Јуни 2021. / Санторини – Атина – Грција – Македонија:

Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. По напуштањето на сместувањето следува факултативна посета на винарија. По посетата на винаријата следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности.

6.Ден: 22. Јуни 2021. / Македонија – Скопје: Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на програмата.

 

СМЕСТУВАЊЕ ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ ЦЕНА:

ХОТЕЛ 3*

1/4 СО ПОЈАДОК -179 €

1/3 СО ПОЈАДОК -185€

1/2 СО ПОЈАДОК -199 €


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

· 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса

· Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата

· Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа

· Пратител на групата за времетраење на аранжманот

· Организација на патувањето


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

· Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 300 денари – плаќање во агенција

· PCR тест (доколку не сте вакцинирани)

· Факултативни излети

· Индивидуални трошоци на патникот

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

FULL DAY SANTORINI

целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон OIA, и каде дочекуваме да се види еден од најубавите и најпознати залези на сонцето.

-Цена 35 евра

Целодневна екскурзија со брод

крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаништето и се упатиуваме (со магаре или жичара се доплаќа 6 евра) кон Фира.

-Цена 35 евра

Винарија

Најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300-та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното.

-Цена 18 евра