- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
ПАТУВАЊА
ЛЕТНА АВАНТУРА ЗА МЛАДИ - ТУРЦИЈА 08.07 – 19.07.21
Авантура која ќе ве освои со своето шаренило и бои, во земјата која е идеален спој на културата и религијата, земјата која е спој на два континенти…
Во Истанбул – ќе патуваме со времето меѓу минатото и иднината, ќе се воодушевуваме на магичните базилики, цркви, султански палати, ќе ја почувствуваме мистичноста на истокот и модерноста на западот.
Во Анталија, – ќе уживаме во морскиот воздух, луксузните хотели, природните пејзажи и водопади, игрите на плажа, и ќе се запознаеме со разновидноста на локалниот стил на живот.
- Одлична можност за камперите да се забавуваат, да запознаат нови дестинации, да спортуваат и да стекнат нови пријателства од различни земји
- Луксузни хотели на база All Inclusive
- Забави на брод и елитни дискотеки
- МАТУРСКА ЗАБАВА на дестинација од соништата
- Изненадување за сите матуранти – забава со еден од најпознатите DJ
Активности на кампот
Секојдневните активности, забави и уникатната програма на кампот се организирани од страна на стручен тим. Програмата е наменета за сите учесници да се пронајдат себеси и дава одлична можност за забава, релаксација и уживање.
Факултативни излети:
- Дводневен разглед на Истанбул – Светската историја на дланка
- Забава на брод по Босфор / ноќно крстарење по Босфор
- Влезници за музеи во Истанбул
- Адреналински Рафтинг на Koprulu Kanyon
- Пиратска забава на брод – Бидете пиратот на забавата на Деви Џонс
- Посета на еден од најголемите Аква Паркови – Незаборавни лудории
Услови за учество:
Кампот е наменет за средношколци, матуранти и студенти кои имаат желба да другаруваат, да се забавуваат, да запознаат нови култури и дестинации, но и да спортуваат.
Од Камперите се очекува да се однесуваат пристојно кон сите учесници на кампот како и кон тренерите и организаторите.
Сместување:
Учесниците ќе бидат сместени во 4+* хотели во Истанбул и Анталија, во трокреветни и четворокреветни соби. Првите 200 пријавени учесници ќе бидат сместени во хотел ХИЛТОН во Истанбул на база полупансион. Останатите учесници ќе бидат сместени во хотел од истата категорија.
Во Анталија – Сиде, сите учесници ќе бидат сместени во луксузен 4+* хотел на база ALL INCLUSIVE (неограничено јадење и пиење за време на престојот).
Плаќање и откажување на патувањето:
Партиципација за Кампот: Период 08.07 – 19.07
* можност за плаќање на 4-5 рати (Март, Април, Мај, Јуни, Јули)
495 ЕУР (за уплата на аванс до 10.04.2021)
519 ЕУР – редовна цена
Цената ВКЛУЧУВА:
- 2 ноќевања во Истанбул на база полу пансион (појадок и вечера) во хотел ХИЛТОН (за првите 200 пријави) или Хотел од истата категорија
- 6 ноќевања во Анталија во 4+* луксузен хотел на база ALL INCLUSIVE
- Забавни и спортски активности
- Изненадувања за МАТУРАНТИТЕ
- Забава со познат DJ
- Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Анталија – Истанбул – Скопје
- Водич на патувањето
Цената НЕ вклучува:
- Факултативни излети
- Патничко осигурување кое задолжително се вади во агенцијата
Секој учесник треба да плати 25 % од сумата по потврдување на апликацијата. Плаќањето може да се изврши во готово најкасно до 15.06.2021. Дозволено е и плаќање на неколку рати. Последната рата треба да се уплати најкасно до 02.07.2021.
Доколку учесникот се откаже до 30 дена пред поаѓање, ќе следи 100 % поврат на уплатените средства.
Патуваме без PCR – Test и реализацијата на турата е 100 %
Осигурување и безбедност:
Валидно патничко осигурување е задолжително за секој учесник. Доктор ќе биде достапен 24/7 за сите учесници во текот на целото патување. Нашиот искусен тим на лидери е должен да води постојана грижа за сите кампери.
Тур-операторот ги имплементираше протоколите за безбедно патување со цел учесниците на кампот да се чувствуваат безбедно во текот на целото патување. Безбедноста и здравјето на камперите е наш основен приоритет и сите активности на кампот ќе бидат организирани на безбеден и одговорен начин.
Доколку се испочитува минималниот број на патници, организаторот ќе организира поаѓање и од други градови од Македонија.
Резевации најдоцна до 15 Јуни 2021
Програма на патувањето со Автобуски превоз
1 ден – 08.07.2021 – Скопје, Македонија
22.00 – Состанок со групата
22.30 – Поаѓање кон Турција со попатни паузи низ Бугарија
2 ден – 09.07.2021 – Истанбул, Турција
Пристигнување во Истанбул претпладне и сместување во хотел. Одмор во хотел. Вечера.
Вечерен разглед на кулата Галата, плоштадот Таксим како и Пера палас хотелот (каде што Агата Кристи го напишала познатиот роман Ориент Експрес).
Ноќевање.
3 ден – 10.07.2021 – Истанбул – Анталија, Турција
Појадок и припрема за поаѓање кон Анталија – Сиде.
Пристигнување во Анталија во попладневните часови, сместување во хотел и вечера.
3 ден – 9 ден – 10.07.2021 – 16.07.2021 – Анталија, Турција
Целокупна програма со уникатни забавни активности и изненадувања за сите учесници.
Факултативни излети по избор.
9 ден – 16.07.2021 – Анталија – Истанбул, Турција
10.00 – Одјавување од хотелот
12.00 – Ручек во хотелот и го користиме денот за одредени активности
23.30 – Поаѓање за Истанбул
10 ден – 17.07.2021 – Истанбул, Турција
Пристигнување во Истанбул околу пладне. Пауза и сместување во хотел.
Попладневен разглед на Византиско – Султански Истанбул, Палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан, Аја Софија, Топ капи итн.
Вечера во хотелот. Припрема за финална вечерна забава со крстарење на Босфор. УНИКАТНА ЗАБАВА и изненадување за сите матуранти.
Ноќевање
11 ден – 18.07.2021 – Истанбул – Скопје, Македонија
Појадок и одјавување од соби. Целодневен шопинг во Истанбул.
Поаѓање кон Македонија во вечерните часови.
12 ден – 19.07.2021 – Скопје, Македонија
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.