Овој 1ви Мај ве водиме во авантура низ најубавите места во Јужна Италија! Ова патување е создадено за да го откриете шармот на италијанската култура, историја и природна убавина. Ќе ги посетиме Бари, Наполи, градот каде ќе ја почуствувате дневната и ноќната динамична атмосфера, култура и вкусна кујна, островот Капри, кој плени со неговите луксузни погледи и магични пејсажи, древната Помпеа, која ќе ве врати во старо античко време, Соренто, идиличното градче со живописни улички и прекрасни морски погледи, Поситано, Амалфи и Салерно, едни од најромантичните дестинации со неверојатни панорами и шармантна атмосфера кој заедно со Алберобело се дел од градовите заштитени под UNESCO. Придружете ни се во ова незаборавно патување и откријте го најдоброто што Јужна Италија може да ви го понуди.