- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
8-МИ МАРТ
Златибор (90)
(Со посета на Сирогојно и Дрвенград)
Прв ден: 05.03.2021 (петок)
Состанок на групата навечер во 21:00 часот во Кавадарци, 22:30 во Скопје и 23:00 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.
Втор ден: 06.03.2021 (сабота)
Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во апартмански комлекс Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Ноќевање.
Трет ден: 07.03.2021 (недела)
Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и познатата златиборска пршута и кајмак.Вечерта,факултативно,свечена вечера со музика во ресторанот на Вила Јелена. Ноќевање.
Четврти ден: 08.03.2020 (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 6.510 денари
Организиран трансфер од Битола и Прилеп до Скопје. Цена 10 евра по лице за повратен трансфер.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (50% пополнетост на автобус по протокол)
- Две ноќевања со појадок во Апартмански Комплекс Вила Јелена
- Посета на Сирогојно, Дрвенград и изворот Бела Вода со локален туристички водич
- Посета на Врњачка Бања
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
- Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
- Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)
- Туристичка такса која се плаќа во хотел – 2 евра по лице за двете ноќи
- Свечена вечера со музика во ресторанот на хотелот доколку постои протокол за тоа – 15 евра по лице
- Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)