31 МАРТ (Продолжен викенд - Рамазан Бајрам)
ЗЛАТИБОР 159€ (29)
Златибор, едно од најпознатите туристички места во Србија и одлично место каде што може да го поминете продолжениот викенд. Чист воздух, планина, вкусна храна, одличен хотел со спа центар за релаксација.
ТЕРМИН:29.03-31.03.2025
ЦEНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€ / 12.338 МКД
ПРОМО ЦЕНА ДО 31.01: 159€ / 9.858 МКД
29.03.2025 ( САБОТА) СКОПЈЕ - ЗЛАТИБОР
Состанок на групата во 05:00 часот на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 05:30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и за царински формалности. Пристигнување во Златибор и предвидена прошетка во Сирогојно. Село кое се наоѓа на 26км од Златибор и претставува единствен музеј на отворено во Србија ,,Старо Село’’, покрај црквата Св. Петар и Павле. Овде ќе видиме камени куќи и стил во кој луѓето некогаш живееле и овде ќе може да се напиеме кафе или чај.Сместување во Вила Бор. Слободно време за одмор и уживање во спа центар. Ноќевање.
30.03.2025 (НЕДЕЛА) ЗЛАТИБОР – ДРВЕН ГРАД – ВИШЕ ГРАД – ЗЛАТИБОР
Појадок. Во договореното време предвидена еднодневна екскурзија во Вишеград и Дрвенград.
Прво се упатуваме кон Вишеград,град кој се наоѓа во котлината, по должината на течението на реката Дрина, во источниот дел на Босна и Херцеговина. Тука ќе го посетиме ,,Мостот на Дрина’’. Слободно време за индивидуални активности.
На враќање го посетуваме Дрвенград, кој претставува етно село. Го изградил познатиот српски филмски режисер Емир Кустурица, а неговата идеја се родила за време на снимањето на филмот ,,Животот е чудо’’ и се е во знакот на филмот, особено во месец Јануари, кога се одржува филмскиот и музичкиот фестивал ,, Kustendorf’’. Има гратска капија, 13 улици, 2 плоштади, кино, спортски центар, тениски терени, пазарче, црква, ресторани, односно поседува се она што поседува и еден град. Улиците и плоштадите ги носат имињата на познати личности од светот на спортот, книжевноста и филмот како што се Новак Ѓоковиќ, Иво Андрич, Федерик Филинија, Марадона.. По називот на ова етно село, може да се претпостави дека во него се е изградено од дрво, а посебно внимание привлекуваат дрвените куќички, односно брвнари кои во селото ги има преку 50.
Враќање во хотел. Слободно време за релаксација и одмор или да излезете на пијачка во некој од многуте локали во Златибор.Ноќевање.
31.03.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) ЗЛАТИБОР - ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување кон Македонија со попатна пауза за посета на Врњачка бања. Слободно време за индивидуални активности и прошетка. По посетата на Врњачка бања, продолжуваме кон Македонија, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
- Автобуски превоз на наведената релација.
- Сместување во Вила Бор на база 2 ноќевања со појадок.
- Посета на музејот на отворено ,,Старо Село’’ Сирогојно.
- Организација на патувањето и туристички придружник.
- Посета на Врњачка бања.
Ценатана аранжманот не вклучува:
- Задолжително патничко осигурување 200мкд
- Екскурзија Вишеград и Дрвенград- 30 евра
- Туристичка такса 2 евра од ноќ
- Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и целосна доплата 7 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.