• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ЕЛБАСАН – ГОЛЕМ – КАВАЈЕ – ДРАЧ – ТИРАНА (6)

ПРОГРАМА:

1 ден (сабота – 06.03.2021): БИТОЛА – ЕЛБАСАН – КАВАЈЕ – ГОЛЕМ

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 05:00 часот. Поаѓање за Албанија. Патот води преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан. Пристигнување во Елбасан во утринските часови. Римски императори, султани, фашисти и комунисти, сите имаат дадено свој придонес во изградбата на овој антички град низ вековите. Како таква, тврдината на Елбасан и новиот град под неа се комбинација од различни и можеби неспоиви стилови и влијанија, кои на градот му даваат еден уникатен изглед. Слободно време за прошетка низ центарот на градот, посета на тврдината, саат кулата, прошетка низ чаршијата, кафе или појадок во традиционален ресторан во самата тврдина.Патувањето продолжува кон Голем. Сместување во реномираниот луксузен хотел со 4*, Клајди Ресорт, сместен покрај плажа.Слободно време за одмор или кафе во градината на хотелскиот ресторан. Во попладневните часови поѓање за Каваје. Кратко време за посета на центарот и упатување кон Хани и Чет’с, етно ресторан, со уникатна атмосфера кој нуди храна и вино произведени на самиот ранч. Оранизирана вечера (предјадење, главно јадење, салата и аперитив). После вечерата враќање во хотелот во Голем.Ноќевање.

 

2 ден (недела – 07.03.2021):ДРАЧ – ТИРАНА – БИТОЛА

Појадок. После појадокот напуштање на собите и поаѓање за Драч. Пристигнување во Драч во претпладневните часови.Во античко време познат како Дирахион, важна римска населба,  Драч е еден од најстарите градови на Јадранскиот брег.Драч е дом на најголемиот амфитеатар на Балканот, а неколку археолошки експонати се распространети низ целиот град, како и во Археолошкиот музеј – најголемиот во земјата.Слободно време за разглед на градот: амфитеатарот, старата тврдина, центарот на градот, индивидуални прошетки, кафе покрај брегот. Продолжување на патувањето кон Тирана.Слободно време за прошетки низ центарот на градот, плоштадот „Скендербег“ кој зафаќа површина од над 40.000 квадратни метри каде се наоѓа Националниот историски музеј, масивниот споменик на Скендербег, Националната Опера, Националната библиотка, Градското собрание, Саат кулата, старата џамија на Елтем Беј, црквата Воскресение Христово, можност за посета на трговскиот центар Топтани и шопинг, ручек во некој од традиционалните ресторани во тврдината на Тирана, односно пешачката зона Мурат Топтани...Во доцните попладневни часови, состанок на групата и поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во ноќните часови.

 

Цена на аранжманот: 3.580,00денари.

- можност за плаќање на две месечни рати

 

Цената на аранжманот вклучува: 

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 1 ноќевање со појадок во Клајди Ресорт 4*
  • организирана вечера (предјадење, главно јадење, салата, аперитив) во ресторанот со органска, домашно подготвена храна, Хани и Чет’с
  • Посета на Елбасан, Каваје, Драч, Тирана
  • организација, водство и реализација на аранжманот

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Меридијан