• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Хотел BRILANT HOTEL & SPA 5* - Голем, Драч (15)

www.brilliant.al

 

“Brilliant Hotel & SPA” се наоѓа на плажата Qerret, сместена помеѓу Драч и градот Каваја. Плажите Qerret биле скоро неразвиени пред да се изгради Brilliant Hotel & SPA. Со отворањето на овој хотел, се појавил нов "дух" низ областа Qerret, многу странски и локални туристи се повеќе бараат да го поминат својот одмор баш тука.

Brilliant Hotel & SPA е изграден пред две години како нов и модерен објект со интересна структура, со модерни соби и пријатна атмосфера, опремен со луксузен мебел, модерно дизајнирани простории, ресторани и барови. Има професионален и вреден персонал кој неуморно дава максимална услуга, што е карактеристика на албанското „гостопримство“.

Хотелот се состои од 174 соби и тоа: 22 апартмани, 6 луксузни апартмани и 146 стандардни соби.

Собите се опремени со: плакар, работна маса, клима уред, ТВ со рамен екран, мал фрижидер, фен, бокал за затоплување на вода...

Објектот во својата содржина нуди: 3 ресторани-пицерии, 2 бара на плажа, ресторан-бар на кровот на хотелот , 2 надворешни базени, 1 затворен базен, паркинг (бесплатно), Wi-Fi (бесплатно), игралиште, детски клуб, конференциска сала, Спа центар, приватна плажа со удобни лежалки и чадори (вклучени во цена), рецепција...

Посебна атракција е просторот кај базенот кој се наоѓа на плажа, изграден со поглед кон море, од каде што може  да се ужива и во базенот и во морето.

 

Тип на соба

јуни-септември

    јули-август    

Двокреветна соба

44

         50          

Јуниор суит

66

71

Делукс суит

82

93


-Цените се дадени на база ноќевање со појадок, по лице на ден

-Деца до 6 год. Бесплатно

-Деца од 6-12 год. плаќаат 50%

-Дете од 6-12 години со едно возрасно лице во соба има попуст 30%

-Две деца сами во соба имаат попуст 30%

-Трето лице има попуст 20% од цената на собата

-Еднокреветна соба плаќа 90% од цената на собата

-Доплата за оброк (ручек или вечера) 10 евра

-Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената

-Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).