Рим – безвременскиот град,градот до кој водат сите патишта.Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање.Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно.Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела,и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација,тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.
Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади…
ПРОГРАМА