• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

AURORA resort & spa 5*

Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.

Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.

Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието…

Сместување: 6 типови на соби (супериор, делукс, џуниор свит, апартмани, вила апартмани, арт студија)

Активности

Интересни активности кои ќе го разубават вашиот престој во Аурора Ресорт и СПА

Дали од секогаш сте сакале да јавате коњи ? Дали би сакале да уживате во мирот и спокојството додека ловите риби на Беровското Езеро или во приватен рибник? Можеби возењето велосипед или пешачењето по прекрасните предели на Малешевските Планини е тоа што најмногу го посакувате? Дали сте искусиле возење со џип низ планински терен? Или едноставно сакате да уживате во СПА центарот или покрај отворениот базен додека вашите деца се забавуват на лулашките? Се ова е достапно за гостите на Аурора Ресорт и СПА.

СПА центар

Посвете си малку време и избегајте од секојдневието за да се насладите на тотална релаксација во уникатниот и единствен СПА центар. Изберете го најповолниот третман за Вас , разгалете ги сите ваши сетила и почуствувајте се нежно и подмладено.

Велнес и СПА центарот во Аурора Ресорт е хармонично дизајнирано место, коешто содржи избор од содржини и услуги пружајќи се’ за Вашата потполна релаксација.

 

Внатрешен базен (затоплен)

Сауна
Парна бања
Џакузи
Соба за релаксација и медитирање со можност за освежување
Избор на масажи од професионален физиотерапевт

 

Цените се дадени на ден по лице за сместување во соба според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).