НИДРИ
Xenia House - сопствен превоз (53)
Xenia се наоѓа на главната улица, во непосредна близина на центарот на Нидри, оддалечена околу 50 m од морето. Сите сместувачки единици се на првиот кат и сите поседуваат комплетно опремен кујнски дел, купатило, пешкири, тераса, ТВ, Wi Fi интернет и клима уред (со доплата од 5 еур на ден, на лице место /подложно на измена).
- PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.
- Такса за престој во висина од 0,5 eur на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место, при влез во објектот.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден
НАПОМЕНИ:
- Во собите се влегува од 16:00 часот, а се напуштаат до 09:00 часот
- Патниците влегуваат во исчистени и спремни соби. За време на престојот сами се грижат за хигиената собите. Сместувачките единици не се опремени со пешкири (освен каде што е наведено), тоалет папир и средства за хигиена. Во сите сместувачки единици промена на постелнината се врши еднаш во текот на престојот.
- Димензиите на креветите во Грција се со поинакви стандарди од нашите, нормален кревет е со широчина од 75 – 90 cm, а француски (за 2 лица) 110 – 140 cm.
- Во некои објекти третиот и четвртиот кревет може да се помошни, со димензии и изглед различен од стандардниот, може да е фотеља, софа на развлекување или класичен кревет.
- PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.
- Описите на куќите се од информативен карактер. За евентуалните отстапувања и квалитетот на услугите во склоп на сместувачкиот објект организаторот не е одговорен
- Дополнителни содржини во објектите се достапни со доплата (нпр. сеф, сауна, паркинг, ТВ, клима…)
- Сликите од објектите, поради разновидната структура се одбрани по случаен избор и не значат дека секоја соба, купатило или кујна изгледаат исто.
- Агенцијата не може да го гарантира квалитетот на интернетот на грчките оператори
Сите објекти се стандардизирани од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата во која се наоѓаат.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Промена на датумите, како и промена на сместувањето, ќе се третира како откажување на резервацијата.
- Трошоците за промена на име на веќе потврдени резервации се наплаќа 10 еур по резервација.
- Организаторот не гарантира кат, поглед, број на сместувачката единица, доколку тоа не е наведено во ценовникот.
- На дополнителните услуги (доплата за клима, полупансион и сл.), наведени во ценовникот, не се пресметуваат попусти.
- Во објектите каде што е нагласена можноста за користење на бежичен интернет, организаторот не го гарантира квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
- Цената е гарантирана само за уплатениот износ. Неплатениот дел подлежи на евентуални промени.
- Ваучерот се добива недела дена пред почетокот на патување.
- Во случај кога цената е редовна (без попуст за рана уплата, специјална понуда или ласт минит понуда), за валидна резервација се смета уплата од минимум 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа минимум 30 дена пред поаѓање.
- Клиентите се должни да ги прочитаат сите овие напомени, како и Општите услови на патување и со потпис на договорот ја даваат својата согласност.