VILA TZOULI 1 (15, 93)

Куќа “Tzouli 1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од прекрасната песочна плажа. Капацитетите се над медицинската ординација IATPEIO, спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 5 капацитети се во нашата понуда ).

Апартманите и студијата се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

Дуплексот број 1 и апартманот број 2 се на прв кат над ординацијата со големи тераси, а студијата број 4, 5 и 6 се едно до друго на високо приземје зад ординацијата со сопствен уреден и заграден заеднички двор со маси, столови и чадори за сонце за секое студио посебно.

 

Дуплекс апартман број 1 (1/5) – простран дуплекс апартман со 1 стандарден + француски кревет во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во друга спална соба и посебна дневна соба со целосно опремена кујна и фотеља. Има 2 тераси: една голема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат поглед на улица со лимитиран поглед море.

 

Апартман број 2 (1/5) –  1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед на улица.

1/2 + 1 студио број 4 – 2 единечни стандардни кревети со можност за дополнително помошно легло.

1/2 + 1 студио број 5 – брачен кревет со можност за дополнително помошно легло.

1/2 + 1 студио број 6 – брачен кревет со можност за дополнително помошно легло.

 

 

1. Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

 

1/2+1  

студио

(бр. 4,5,6)

1/5 дуплекс апартман (бр.1)

задолжително плаќаат 4лица

1/5апартман

(бр.2) задолжително плаќаат 3 лица 

28/05-04/06

7

89

69

89

04/06-11/06

7

109

79

99

11/06-18/06

7

139

109

129

18/06-25/06

7

159

119

149

25/06-02/07

7

179

129

159

                 

2. Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2+1  

студио

(бр. 4,5,6)

1/5 дуплекс апартман (бр.1)

1/5 апартман бр. 2

02/07-09/07

7

369

559

519

09/07-16/07

7

399

589

529

16/07-23/07

7

429

629

549

23/07-30/07

7

429

629

549

30/07-06/08

7

429

629

549

06/08-13/08

7

429

629

549

13/08-20/08

7

429

629

549

20/08-27/08

7

409

609

539

27/08-03/09

7

359

529

499

 

3. Вонсезонскицени

Термин

Ноќевања

 

1/2+1  

студио

(бр. 4,5,6)

1/5 дуплекс апартман (бр.1)

задолжително плаќаат 4 лица

1/5 апартман

(бр.2) задолжително плаќаат 3 лица 

03/09-10/09

7

169

119

149

10/09-17/09

7

139

109

129

17/09-24/09

7

109

79

99

 

 

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаатминимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, а плаќа само превоз доколку користи;
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;

·         ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман и студиоЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:

·         За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)

·         За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец 2.170  мкд. (35 евра)

·         Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

 

  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години в окревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро = 62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.