Finlandia House-10 ноќи/сопствен превоз (53)

Куќата се наоѓа во централниот дел на Полихроно, на околу 150 m оддалеченост од плажата. Располага со комфорни апартмани за сместување на  три или четири лица. Сите сместувачки единици се на прв кат и секоја поседува опремен кујнски дел, купатило, тераса, ТВ и клима уред (вклучен во цената).

 
 


  • Такса за престој во висина од 0,5 eur на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место, при влез во објектот.

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

 НАПОМЕНИ:

  • Во собите се влегува од 16:00 часот, а се напуштаат до 09:00 часот
  • Патниците влегуваат во исчистени и спремни соби. За време на престојот сами се грижат за хигиената собите. Сместувачките единици не се опремени со пешкири (освен каде што е наведено), тоалет папир и средства за хигиена. Во сите сместувачки единици промена на постелнината се врши еднаш во текот на престојот.
  • Димензиите на креветите во Грција се со поинакви стандарди од нашите, нормален кревет е со широчина од 75 – 90 cm, а француски (за 2 лица) 110 – 140 cm.
  • Во некои објекти третиот и четвртиот кревет може да се помошни, со димензии и изглед различен од стандардниот, може да е фотеља, софа на развлекување или класичен кревет.
  • PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.
  • Описите на куќите се од информативен карактер. За евентуалните отстапувања и квалитетот на услугите во склоп на сместувачкиот објект организаторот не е одговорен
  • Дополнителни содржини во објектите се достапни со доплата (нпр. сеф, сауна, паркинг, ТВ, клима…)
  • Сликите од објектите, поради разновидната структура се одбрани по случаен избор и не значат дека секоја соба, купатило или кујна изгледаат исто.
  • Агенцијата не може да го гарантира квалитетот на интернетот на грчките оператори

Сите објекти се стандардизирани од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата во која се наоѓаат.

 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Промена на датумите, како и промена на сместувањето, ќе се третира како откажување на резервацијата.
  • Трошоците за промена на име на веќе потврдени резервации се наплаќа 10 еур по резервација.
  • Организаторот не гарантира кат, поглед, број на сместувачката единица, доколку тоа не е наведено во ценовникот.
  • На дополнителните услуги (доплата за клима, полупансион и сл.), наведени во ценовникот, не се пресметуваат попусти.
  • Во објектите каде што е нагласена можноста за користење на бежичен интернет, организаторот не го гарантира квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
  • Цената е гарантирана само за уплатениот износ. Неплатениот дел подлежи на евентуални промени.
  • Ваучерот се добива недела дена пред почетокот на патување.
  • Во случај кога цената е редовна (без попуст за рана уплата, специјална понуда или ласт минит понуда), за валидна резервација се смета уплата од минимум 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа минимум 30 дена пред поаѓање.
  • Клиентите се должни да ги прочитаат сите овие напомени, како и Општите услови на патување и со потпис на договорот ја даваат својата согласност.