VILA ATANASIUS (74)

Вила Атанасиус се наоѓа во Ипсос на островот Крф на 300м од одалеченост од главната плажа. Вилата располага со едноспални апартмани и студиа за две лица и дуплекс апартмани за четири лица. Апартманите имаат оделна кујна, купатило+ wc и балкон. Просториите немаат ТВ. Објектот има Wifi.  Дел од дуплекс апартманите располагаат со два тоалети и два балкони. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат маркети и ресторани. Битно е да се потенцира дека не во секоја кујна има рерна, во некои има решо. Апартманите не располагаат со клима.

 

ЛОКАЦИЈА

 

План и програма
ПРВ ДЕН- ПОАЃАЊЕ

Состанок во вечерните часови на ден пред почеток на аранжманот односно секој петок. Поаѓање кон Остроф Крф со попатни паузи и царински формалности. Предвидено е пристигнување во утринските часови во Ипсос.

Сместување во вилата е после 14:00 часот по локално време.


ВТОР ДО СЕМИ ДЕН (ПРЕСТОЈ)

Во наредните 7 дена предвидени се факултативни посети на Град Крф, Тура Север, Плажа Глифада, Крстарње со брод и крстарње до Паксос и Антипаксос.
За посета на овие факултативни излети програмата ја добивате од нашиот локален водич првиот ден од кога ќе пристигнете на островот.


ОСМИ ДЕН (ВРАЌАЊЕ)

Одјавување од собите до 09:00 часот по локално време. Слободно време за индивидуална прошетка во Ипсос. Предвидено поаѓање кон Македонија во предпладневните часови.

 

Што е вклучено во цената

– Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
– 7 ноќевања 8 дена во вила Нина или вила Атанасиус
– Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој


Што не е вклучено во цената

– Факултативни илзети
– Патничко осигурување
– Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
– Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
Најдоле од понудата каде пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените.


Важно
  • Промо цените се исклучиво со целосна уплата.
  • Промо цените важат до 30.04.2022
  • Доколку уплатите по Промо цена цена, за споен термин или превоз не се одбива ништо на вториот термин.
  • Во случај за уплата на сингл соба по Промо цена цена, се сметат две цели суми од Промо цената
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. Полињата кои се со зелено значат колку студиа се вкупно слободни.
    CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска ), резервацијата се смета за откажана.
  • Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст од редовната цена(се однесува само на еден кревет во студиото) само во случај на двајца возрасни и дете од 4 до 11.99. Во случај на возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
  • Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
  •  Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)
  •  

 

Факултативни излети

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)Цената на излетот ќе биде објавена пред почеток на сезона

 

Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и Сидари: плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров, Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво.

 


Посета на плажата ГлифадаЦената на излетот ќе биде објавена пред почеток на сезона

 

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

 


Kрстарење со бродЦената на излетот ќе биде објавена пред почеток на сезона

 

Целодневно крстарење со вклучен ручек. Групата се чека на пристаништето во Ипсос. Крстарење по североисточниот дел на островот. Попатни застанувања за капење на прекрасна дива плажа, каде и се прави пауза за ручек сервирана од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Застанување на плажи кои се достапни само со брод. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

 


Крстарење до Паксос и АнтипаксосЦената на излетот ќе биде објавена пред почеток на сезона

 

Овој летен рај се наоѓа на речиси ненаселеното островче Антипаксос, а две плажи посебно се издвојуваат со својата убавина и кристално чиста вода. Паксос е остров кој се наоѓа на 14 км јужно од Крф и 20 км западно од Парга. Паксос зафаќа површина од 19 квадратни километри и е еден кластер на острови во Јонското море. Овој прекрасен остров нема аеродром и до него може да се пристигне само со фериброд и поради тоа е во состојба да се заштити од напорот на модерниот туризам. Паксос е остров со бескрајни маслинови градини а на Антипаксос се насади од винова лоза.

Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос  и релаксирање под топлото сонце.

 

Аква ПаркЦената на излетот ќе биде објавена пред почеток на сезона

 

Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.