VILA LEMAR - 10 nokjevanja (17,53)
Опис: Вилата е целосно реновирана и е една од најлуксузните вили во Сарти. Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија, како и со четирикреветни апартмани од кои повеќето имаат страничен поглед на море, а се наоѓаат на високо приземје или на прв спрат. Секоја сместувачка единица е многу квалитетно и модерно опремена и има комплетно опремена кујна, со вграден шпорет, бања/тоалет, тераса, смарт ТВ (32' или 42'), WiFi интернет и клима која се доплаќа на лице место. Постелнината и крпите се менуваат на петтиот ден од престојот. Лемар поради својата положба, удобност, конфор и опременост е висококвалитетен објект и како таков е најбаран и се препорачува за сите категории туристи.
- LUX студијата се со поглед на море и се наоѓаат на прв спрат од вилата
- Наведените попусти се однесуваат на цената во табелата
- Туристичката такса не е вклучена во цената и се плаќа на лице место во објектот
- Цената на аранжманот е изразена во евра по лице без вклучен превоз
- Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62
Локација: Вила Лемар (поранешна Дијана) е идеално позиционирана; една од ретките вили лоцирана на 10 метри од плажата, во новиот, мирен дел од градот и со директен пристап на најубавиот дел од плажата во Сарти, која носи сино знаме.
40.09033300649736, 23.978649628836063