• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ОСТРОГ – СУТОМОРЕ – БУДВА – КОТОР (6)

ПРОГРАМА:

1 ден (четврток –04.03.2021): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 21.30 часот. Поаѓање за Црна Гора во 22:00 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан, Елбасан, Драч, Тирана, Скадар, Бар... Ноќно и денско патување со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (петок – 05.03.2021): ОСТРОШКИ МАНАСТИР – ПОДГОРИЦА – СУТОМОРЕ

Пристигнување во Острошки Манастир во утринските часови. Слободно време за индивидуален разглед на бисерот на средновековното Православно Христијанство... вграден во самите стени, манастирот изгледа како да не е граден од човечки раце, туку повеќе како едно од чудата на Св. Василие... основан во 17ти век од Св. Василие, чии мошти се сметаат за чудотворни. Во попладневните часови слободно време во центарот на Подгорица и време за шопинг во трговскиот центар Delta City. Во вечерните часови упатување кон Сутоморе. Сместување во соби.Ноќевање.

 

3 ден (сабота– 06.03.2021): БУДВА – КОТОР

Во утринските часови поаѓање за посета на градот Котор и разглед на стариот град со стручен локален водич. Стариот град Котор (како дел од некогашна Република Венеција) е дел од културното наследство на УНЕСКО, со добро зачувани градби и тврдина, а заливот Бока Которска е најдлабокиот и најдолгиот залив на Јадранско Море или најјужниот фјорд во Европа. Слободно време во Котор. Во попладневние часови упатување кон Будва. Слободно време за прошетки, можност за посета на стариот град, ручек во бројните ресторани во центарот на градот Ноќевање.

 

4 ден (недела – 07.03.2021): БУДВА–ТИРАНА

Напуштање на собите во утринските часови. Поаѓање за Битола. Денско патување со кратки попатни паузи. Попатно, посета на трговскиот центар ТЕГ во Тирана. Слободно време за шопинг, оброк, кафе. Пристинување во Битола во ноќните часови. 

 

Цена на аранжманот:4.580,00денари 

- Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот


Цената на аранжманот вклучува:  

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања во соби во Сутоморе
  • Туристичка такса за ноќевањето во Сутоморе
  • Туристичка такса за посета на Острошки Манастир
  • Посета на Острошки Манастири Подгорица
  • организација, водство и реализација на аранжманот

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Превоз од паркингот до манастирот
  • Патничко осигурување

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржината на програмата. 

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Меридијан.