АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ
РИМ - прва програма (18)
ЦЕНА за уплата до 31.10.2023 – 469 € (29.080 мкд) со вклучен панорамски разглед на Рим ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 539 € (33.420 мкд)
Рим – безвременскиот град,градот до кој водат сите патишта.Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање.Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно.Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела,и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација,тоа е неговото величество – грандиозниот Рим. Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади… 05.12.2023 СКОПЈЕ - РИМ (Вторник) Состанок на групата на интернационален аеродром Скопје. Лет од Скопје за Рим со WIZZAIR во 12:45 часот.Слетување во Рим на Фиумичино во 14:30 часот.Организиран панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Разглед на Катедралата Св.Џовани Латерано,црквата на Пресвета Богородица, Плоштад Де ла Република,Виа Национале,Пјаца Навона,Пјаца Барберини, Пјаца дел Пополо,Виа Венето,Замок Свети Ангело, Вила Боргезе,плоштад Венеција,Римскиот Форум,Колосеумот, Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели),Фонтана ди Треви (најпознатата фонтана на желбите),Пантеонот (монументалниот храм во Рим),прошетка по најпознатата улица Виа дел Корсо...Сместување во хотел.Слободно време за индивиуални прошетки и активности. Ноќевање. 06.12.2023 РИМ – ТИВОЛИ (Среда) Појадок.После појадокот предлагаме факултативна посета до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтани – познатата Вила Д’Есте (градена во импозантен барок стил) која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период.Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО.Враќање во хотел.Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.07.12.2023 РИМ – ВАТИКАН (Четврток) Појадок. Со метро заминување за Ватикан и средба со локалниот водич. Посета на Ватикан и Ватиканските Музеи,Катедралата Св. Петар, Сикстинската Капела, разглед на делата на Микеланџело,Рафаело,Бернини.По завршување на посетата на Ватикан ,слободно време за прошетка низ градот и индивидуални активности.Враќање во хотел.Ноќевање.
08.12.2023 РИМОКАТОЛИЧКИ КАТЕДРАЛИ (Петок) Појадок.Факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на римокатоличките катедрали: Санта Марија Маџоре, Сан Џовани Латерано,црква Сан Пјетро ин Винколи... Прошетка до Колосеумот и црквата Сан Клементе со посета на капелата и гробот на Св.Кирил.По завршувањето на разгледот можност за индивидуална прошетка по познатата Виа дел Корзо или Виа Национале (главни шопинг улици).Ноќевање.
09.12.2023 РИМ – СКОПЈЕ (Сабота) Појадок.Трансфер од хотел до аеродром Фиумичино во 12:00 часот.Полетување за Македонија во 15:05 часот.Пристигнување во Скопје во 16:50 часот. ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
|