• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA JOTA (6)

Објект оддалечен 300 метри од плажата Писо Крионери и 550 метри од плажата Крионери, веднаш до вила Панос. На помалку од 5 минути пешачење до центарот на Парга, поставен ведаш покрај главниот пат кој води до центарот на Парга, објектот е лесно достапен со автомобил. Во склоп на обејктот има убаво уредени апартмани за 3 или 4 лица, со една спална соба, а во другата соба се наоѓа и комплетно опремена мини кујна. На располагање на гостите се и две тераси, ТВ, клима уред, убав двор и паркинг. Веднаш до самиот објект се наоѓаат и супермаркет, кафетерија и таверна.

 

ТЕРМИН:

1/4  апт

15.06 - 30.06

45 €

01.07 - 15.07

60 €

15.07 - 31.07

70 €

01.08 - 15.08

75 €

15.08 - 31.08

72 €

01.09 - 15.09

55 €

15.09 - 30.09

45 €

Цени:

- Се дадени по студио, од ноќ, за минимален престој од 5 ноќевања, по курс од 1€ = 61.8 ден

- Во студијата/апартманите дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот. Користењето на клима уред е со доплата од 5€ на ден


Напомена:

 - Дадената понуда е на барање. За потврда на резервација од страна на сместувачките капацитети потребно е време од 24 - 48 часа.

- За резервација потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат најдоцна 7 дена пред поаѓање.

- За дадената понуда може да се користат COVID-19 ваучери издадени во 2020 година

- За сите нови резервации, во случај да не може да се организира патувањето поради виша сила, агенцијата гарантира рефундација на уплатените средства

- Во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот, дозволена е промена на патници, доколку патникот најде замена, во било кој временски период до поаѓање.

- Задолжително е здравствено и патничко осигурување и е одговорност на патникот да го набави во туристичка агенција или осигурителна компанија

- Патниците се одговорни за валидноста на нивните документи за влез во Грција, освен ако истите се во организација на агенцијата (PCR тест и PLF формулар).

- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и за бројот на искористени денови за престој во ЕУ (максимум 90 дена во временски период од 180 дена).

- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода и притисок на вода, кои зависат од инфраструкутрата на дестинацијата.

- Со потпишувањето на договорот за патување, патникот потврдува дека е свесен за ризиците кои може да произлезат од патување во време на пандемија и дека за истите агенцијата не сноси никаква одговорност

 

Куќен ред:

 - Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 14:00 часот

- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.

- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.

- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.

- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.

- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите