• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ТИРАНА - шопинг секоја сабота (6)

ПРОГРАМА:

Состанок на групата во 05:00 часот на паркингот кај спортската сала. Поаѓање за Албанија. Патување преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан. Пристигнување во Тирана во утринските часови. Посета на центарот на градот и плоштадот Скендербег кој зафаќа површинаод над 40.000 квадратни метри. Тука се наоѓа Националниот историски музеј, масивниот споменик на Скендербег, Националната опера, Националната библиотека, Градското собрание, Саат кулата... Во близина на Плоштадот се наоѓа и една од најпознатите пешачки улици, улицата Мурат Топтани. Слободно време за прошетка и разглед на центарот на Тирана, посет на локални кафулиња или шопинг зони во центарот на граодот.

Во договореното време, состанок на групата и упатување кон најголемиот трговски центар во Албанија – ТЕГ. Совршено место за релаксација, шопинг, убава храна и уживање. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Враќање во Битола во вечерните часови.

 

Цена: 600 денари

 

Во цената е вклучено:

- организиран превоз на дадената релација

- посета на центарот на Тирана и трговскиот центар ТЕГ

- лиценциран туристички придружник на патувањето

 

Напомена: За реализација на овај аранжман, потребен е минимум од 30 патници.