• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

ИСТАНБУЛ поаѓање од Прилеп / 2НП (5)

Истанбул е единствен град во светот сместен на два континента Европа и Азија,чија историја започнува пред 2600 години. Истанбул ги чува скапоцените богатства на трите империи на кои некогаш им бил главен град. Тоа е голем космополитски центар каде што се спојуваат исток и запад.


02.03.23 Поаѓање на групата во 18 ч, преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.

03.03.2023Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел или се оставаат куферите,па по разгледувањето на Истанбул . Панорамско  разгледување на градот со локален водич: Цариградската Патријаршија(со влез), центар на сите православни цркви, а во нејзина близина е и боемскиот кварт Балат,со стари дрвени куќи во разни бои,со шармантни барови и ресторани. мостот Галата, Египетскиот пазар,Јени-џамијата,Хиподромот, Султанахмедовата џамија(со влез) ,Аја Софија- со влез,Топкапи музејот-влез во двор.Слободно време за шопинг во Аксарај и Капали Чаршија. Нокевање.

04.03.2023Појадок. Со локален водич:Факултативна посета на дворецот Долмабахче Сарај -последна резиденција на Отоманската Империја;факултативно Крстарење со брод по Босфорот. Потоа преку мостовите на Босфорот посета на Азискиот дел Бејлербеј. Слободно попладне.Вечерта посета на национален ресторан ГАР,со богата програма и мени на турската кујна..Ноќевање.

05.03.2023 Појадок.Напуштање на хотелот и се преминува мостот Галата, покрај стадионот на Бешикташ се оди до споменикот на Ататурк на плоштадот Таксим и слободно време за прошетка по булеварот Таксим, кој изобилува со палати од 19-ти век, продавници со познати брендови,ресторани…Можност за посета на најпознатата продавница Коска ,за алва, баклава, локуми и др. На крај, посета на трговскиот шопинг центар Декатлон и Форум, каде освен шопинг може да се посети аквариумот Turkuazoo. Поаѓање за Македонија преку Грција,ноќно  возење со попатни паузи.

06.03.2023 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.   

                                                                                                                                                                     

ЦЕНА: 6900 ден. промо цена за уплати до 10.02.2023, редовна цена 7900ден.


Во цената е пресметано:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќ/појадок во хотел со 3* во центарот на Истанбул
  • панорамско разгледување на Истанбул со локален водич
  • посета на Азискиот дел-Бејлербеј,Патријаршијата,Таксим,Балат,Кумкапи,Коска,Форум.
  • организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е пресметано:

  • патничко здравствено осигурување – задолжително – 250 ден. до 65г.,над 65г.=400д.
  • факултативно крстарење со брод по Босфорот – 20 € (резер. во агенција)
  • факултативна посета на палатата Долма Бахче со водич – 30 € (резер. во агенција)
  • вечера со програма во национален ресторан “ГАР”  – 30 € (резер. во агенција)
  • влезници за други културни историски знаменитости

За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници