• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Италија 3НП (Драч-Бари-Помпеа-Неапол-Рим-Фиренца) (23)

Термин 07Март


1 ден  07.03.2023СКОПЈЕ-ДРАЧ-БАРИ-РИМ:Состанок на групата во 09.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 09:30ч.Се патува преку Албанија гр.Ќафасан кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во  22:30ч. Ноќно возење кон Бари. 

2 ден  08.03.2023БАРИ –ПОМПЕЈА-НЕАПОЛ- РИМ:Пристигнување во Бари во 08.00.  Продолжуваме кон  Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол :Плоштадите Данте и Белини. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  09.03.2023 РИМ –– ТИВОЛИ: Појадок. Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален стручен водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот... Потоа предлагаме прекрасен факултативен излет доТиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте.  Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности... Предлагаме вечерна прошетка Roma by night. Ноќевање.

4 ден  10.03.2023РИМ  - ВАТИКАН – МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА:Појадок. Предпладне  посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Поаѓање за Монтекатини. Пристигнување во Монтекатини во попладневните часови. Сместување во хотел. Препорачуваме вечерна посета на Пиза - Разглед на плоштадот Plazza Dei Miracoli на кој се наоѓа Кривата Кула,  катедралата Santa Maria della Spina, крстилница Св.Јован. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање. 

5 ден  11.03.2023МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА-СКОПЈЕ:Појадок. Одјавување од хотел.  Заминуваме на   факултативна посета на Фиренца. Можност да уживате во ренесансниот град: мостот Векио, црквата Санта Кроче, Катедралата, плоштадот Сињорија, Палацио Векио, Галеријата Уфицио... Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден 12.03.2023 СКОПЈЕ: Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 20.01.2023  : 26916.680 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 29918.540 ден

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:.

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Драч – Рим-Скопје
  • Превоз со брод на релација Драч-Бари (седиште на брод)
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Рим(околина)
  • 1 ноќевање во хотел 3* НП воМонтекатини
  • Посета на Неапол со водич
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување  150 денари
  •  Разглед на Рим со локален водич  20€
  •  Посета на Помпеа со влезница и водич 40 €
  •  Задолжителна посета на Фиренца   30€
  •  Излет Roma by night 20€
  •  Посета на Ватикан(резервација, превоз, водич, влезница,слушалки) 50€ (задолжителна реервација при уплата)
  •  Излет Тиволи ( превоз, водич, влезница) 35€
  •  Вечерна посета на Пиза 10 €
  •  Доплата за бродска кабина Драч-Бари  - 20 €
  •  Туристичка такса  Рим 6€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  •  Туристичка такса  Монтекатини 2€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  •  Доплата за еднокреветна соба – 5.500 ден
  •  Доплата за избор на седиште во автобус - 10€

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.