• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Јастребац (24)

На околу 300 километри од Скопје и само 20 километри од градот Крушевац, се наоѓа прочуената планина, колевката на јастребите, во можеби најпошумениот дел на Балканот, планината Јастребац.
Околу прекрасното бајковито езеро се простира туристичкиот комплекс Јастребац Lake Resort, познат по исклучителната национална, но и интернационална кујна, домашни вина и нуди можност за секакви активности, планинарење, пешачки тури засите љубители на природата.

Во склоп на резортот на располагање се два хотела, Трајал и Идила, како и спектакуларниот Авантура парк. Токму затоа ве водиме овде за денот на жената 8ми март.

 

    

СПЕЦИЈАЛНА ПРОМО ЦЕНА 69‎€, редовна 89€ – местата се ограничени!
ТЕРМИН: 06.03- 08.03.2021

трансфер од Струмица, Штип, Битола, Прилеп, Велес – 10 евра по лице

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

2 ноќевања во хотел Трајал или Идила со појадок (a la carte) (хотелот се распределува во зависност од расположливост на соби)
Автобуски превоз на релација Скопје-Јастребац-Скопје
посета на градот Ниш
туристички пратител за време на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

задолжителна доплата за туристичка такса 1евро по лице на ден
задолжително патничко осигурување
посета на местото Стопања познато по рестораните со печење за ручек, потоа градот Крушевац со трговските центри Krusevac Shoping Park, Roda и ЛИДЛ – 10евра
посета на Врњачка бања и манастирот Жича – 15евра
организација на осмомартовска прослава (во зависност од интересот на групата)

 

ИНФОРМАЦИИ:

Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
За влез во Србија не е потребен PCR тест, и се патува со пасош или лична карта.
Во случај да дојде до непланирани промени и неможност за реализација на патувањето, агенцијата во целост ги враќа уплатените средства.
За сингл соба се доплатуваат 35 евра дополнително од аранжманот
Собите се двокреветни и трокреветни
Секоја соба има телевизор со кабловска, вифи, минибар

 

Попусти за деца:

Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години плаќаат 35 евра

 

    


ПРОГРАМА:

Прв ден – сабота 06.03
Собир на групата на Дрводекор во раните утрински часови (околу 5 наутро). Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи и царински формалности.

Планирано пристигнување во Јастребац во пладневните часови, сместување во дадениот хотел и време за кафе пауза или одмор. Во договор со водичот, групата се упатува на факултативниот излет до местото Стопања, кое е едно од најпознатите места во Србија каде што во рестораните се служи познатото српско печење. Време за ручек (не е вклучено во цената). Потоа следува посета на градот Крушевац со лиценциран српски водич, како и панорамски разглед со пешачка тура каде се посетува црквата Лазарица. По разгледот на градот, групата се упатува накај познатите трговски центри Krusevac Shoping Park, Roda и ЛИДЛ. Во договорено време, враќање во хотел и слободни активности. Цената на факултативниот излет е 10 евра по лице.

 

Втор ден – недела – 07.03
По појадокот, следува можносст за факултативен излет до познатата Врњачка бања со манастирот Жича. Врњачка бања е најголемиот бањски центар во Србија, познат по лековитата вода и природните извори. Сместена е помеѓу планината Гоч и западна Морава на околу 50 километри од Јастребац. По прошетката и слободното време во градот, се упатуваме кон манастирот од 13-ти век, Жича, познат како колевка на српската писменост и просвета, почнувајќи од Свети Сава и првиот српски владетел Стефан Првовенчани, а тука се крунисале сите српски кралеви. Враќање во Јастребац во договорено време со водичот. Цената на излетот со лиценциран српски водич е 15 евра по лице.

Можност во вечерните часови за организација на осмомартовска вечера-прослава во зависност од интересот на групата и моменталните протоколи и услови. Ноќевање.

 

Трет ден – понеделник – 08.03
По појадокот, слободно време за уживање и прошетка во Јастребац. Одјавување од собите и во договорено време, поаѓање за градот Ниш, каде ќе има слободно време за прошетка, ручек, шопинг (2-3 часа).

Поаѓање за Скопје во предвечерните часови. Планирано пристигнување во вечерните часови.

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 
Важни напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на Меридијан Травел.