SARTI HOLIDAYS House-10 ноќи/сопствен превоз (53)

+5% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА ПРЕСТОЈ ОД 01.06-29.06.2022

Потполно нова куќа која ги прими првите гости во 2018 година. Се наоѓа на 50 м од песочната плажа, на дваесеттина минути пешки од центарот на Сарти. Во понуда се студија за две до четири лица на ниско приземје, прв и втор кат. Сите имаат SAT TV, кабелски и бежичен интернет и клима уред, чие користење е вклучено во цената.  Организирано е чистење и промена на пешкирите и постелнината два пати во тек на престојот.

Студијата од предната страна на зградата имаат поглед кон брдото. Студијата од задната страна на зградата имаат поглед кон другите куќи и се наоѓаат на приземје, прв и втор кат. Студијата на приземјето, со оглед дека не се под нивото на земјата, се продаваат по редовни цени како и останатите на кат. Собите со ознака UT се наоѓаат на прв и втор кат и се со пониски цени, поради ориентацијата на терасите со поглед кон светларникот на куќата, па гостите имаат намалена приватност и полош поглед. Преку тие тераси не поминуваат другите гости.

Студијата со ознака DM (107,207) имаат поглед на море помеѓу зградите. Иста цена имаат и студијата со ознака garden (001,006), кои се на приземје и покрај тераса имаат и свој мал издвоен тревнат двор (околу 15 м2) со нишалка.

 

 
 

За резервација без попуст потребна е уплата од 40% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

Такса за престој, во висина од 0,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот.

 

*ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.01.2022 НАМЕСТО ПОПУСТ МОЖНА Е ЗАМЕНА ЗА ГРАТИС ОДМОР ИЛИ ОДМОР СО 50% ПОПУСТ ОД 10. – 20. МАЈ!

За комплетна уплата со резервација, постои можност за замена на попустот за сместување во терминот од 10. – 20.05.2022, и тоа:

– за комплетна уплата со резервација за престој во термините со почеток од 20.05. – 12.06. и 28.08. – 24.09., се одобрува попуст од 50% на цената на наемот за избраното сместување

– за комплетна уплата со резервација за престој во термините со почеток од 13.06. – 27.08., се одобрува ГРАТИС сместување за соодветниот број на лица, во периодот од 10. – 20.05., во објект по избор на организаторот. Објектот се одредува 7 – 10 дена пред почетокот на патувањето.

 

Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:

До 45 дена пред поаѓање – административни трошоци во висина од 5%

44 – 30 дена пред поаѓање 10%

29 – 20 дена пред поаѓање 20%

19 – 15 дена пред поаѓање 40%

14 – 10 дена пред поаѓање 80%

9 – 6 дена пред поаѓање 90

5 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.