VILA ELIZABET (6)

Објект сместен во близина на строгиот центар на Калитеа, во мирен дел, до првата пешачка зона и на околу 300 метри од плажа. Вилата располага со студија комплетно опремени со мини кујна (со комплетен прибор за лица согласно бројот на легла + аспиратор, фрижидер), тоалет, балкон (масичка со столчиња), ТВ и клима уред.

  

ТЕРМИН :

1/2 стд

1/3 стд

04.07-11.07

169 €

179 €

11.07-18.07

179 €

189 €

18.07-25.07

189 €

199 €

25.07-01.08

199 €

209 €

01.08-08.08

209 €

219 €

08.08-15.08

209 €

219 €

15.08-22.08

209 €

219 €

22.08-29.08

189 €

199 €

29.08-05.09

159 €

169 €

05.09-12.09

129 €

139 €

12.09-19.09

99 €

109 €

19.09-26.09

89 €

99 €

 Цени:

 - Се дадени по лице, за минимум две платежни лица, за 7 ноќевања, со вклучен организиран превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден

 - За аранжман со сопствен превоз се одобрува 25€ од вкупната цена по лице

 - Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот

 - Користењето на клима уред е со доплата од 3€ за 7 ноќи. 

 

Сместување:

 - Во 1/2, 1/3 студио дозволено е сместување на онолку лица колку што има кревети

- Трето лице или деца над 5 год. имаат бесплатно сместување во 1/3 студио, возрасни плаќаат само превоз 25€, деца од 5 до 12 год. само превоз 20€

- Едно дете до 5 год. може да се смести бесплатно во кревет со родител во 1/2 или 1/3 (плаќа само превоз 20€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот

 

Превоз:

 - Секоја недела поаѓање од Битола во раните утрински часови. За времето на поаѓање патниците ќе бидат известени 2 дена пред поаѓање. Враќање во времето одредено од пратителот на групата.

- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус

- Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 25€ по лице

- 5€ доплата за пакет аранжман по лице со превоз од Охрид, Струга и Ресен и 10€ од Кичево

 

Напомена:

- За резервација потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат најдоцна 7 дена пред поаѓање.

- За дадената понуда може да се користат COVID-19 ваучери издадени во 2020 година

- За сите нови резервации, во случај да не може да се организира патувањето поради виша сила, агенцијата гарантира рефундација на уплатените средства

- Во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот, дозволена е промена на патници, доколку патникот најде замена, во било кој временски период до поаѓање.

- Задолжително е здравствено и патничко осигурување и е одговорност на патникот да го набави во туристичка агенција или осигурителна компанија

- Патниците се одговорни за валидноста на нивните документи за влез во Грција, освен ако истите се во организација на агенцијата (PCR тест и PLF формулар).

- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и за бројот на искористени денови за престој во ЕУ (максимум 90 дена во временски период од 180 дена).

- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода и притисок на вода, кои зависат од инфраструкутрата на дестинацијата.

-Со потпишувањето на договорот за патување, патникот потврдува дека е свесен за ризиците кои може да произлезат од патување во време на пандемија и дека за истите агенцијата не сноси никаква одговорност

 

Куќен ред:

- Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 14:00 часот

- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.

- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.

- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.

- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.

- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.