КУБА

Одиме на авантура во Куба (Cuba) од Скопје! Необичен остров каде комунизмот сеуште живее, каде Фидел Кастро вовел
систем кој тешко се менува и покрај зголемената отвореност кон светот во последно време! Разгледување на старата Хавана,
возење со бротче до тврдината и церемонијата на пукање со топови, резиденциите и колонијалните куќи, прошетка низ
Хавана и квартовите во кои нема туристички атракции каде живеат Кубанци и во кои владее неверојатна атмосфера... Ќе
одиме во мали салса кафулиња, отворени кафичи во кои влегуваат улични музичари и бендови и свират додека публика ги
бодри со насмевки, аплаузи или песози. Нé очекува возење со стари автомобили од '70тите, ветар во коса и звуците на салса!
Ќе уживаме во тропските плажи и кокосово млеко во Варадеро, ќе учиме како се прави тутун во Вињалес и ќе дознаеме нешто
повеќе за животот на Ернест Хемингвеј во прошетката низ неговата родна куќа. Ќе јадеме морски плодови, печени банани и
останати специјалитети во “casas particulares” каде љубезните домаќини ќе ни кажуваат приказни за Куба и ќе не учат
шпански!

 
План и програма

 
Ден 1: Состанок на патниците и поаѓање
Состанок на патниците на Меѓународниот аеродром во Скопје, два часа пред летот. Лет за Хавана во 20:50 часот (ТК183), со преседнување во Истанбул.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
Место
Скопје, Истанбул

 
Ден 2: Пристигнување во Хавана
Пристигнување во Хавана. Трансфер од аеродром до сместувањето. Првиот ден на Куба се одмараме и се запознаваме со магијата на Карибите.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Хавана, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
Трансфер од аеродром до сместување
Сместување
Casas Particulares (1 ноќ)
Место
Истанбул, Хавана

 
Ден 3: Факултатитвен излет - запознавање со Централна Хавана и Стара Хавана и Возење со Кабриолети
Поаѓаме на факултативен разглед на Хавана. Прво ги посетуваме деловите на Централна Хавана кои се под заштита на УНЕСКО и се запознаваме со начинот на
живот на Кубанците. Пазари, играње домино на улица, деца кои сакаат да се сликаат, а чии насмевки не можеме да ги одбиеме. Ќе ги видиме четрите главни
плоштади на Хавана, а потоа ќе се упатиме према Стара Хавана. Панорамскиот разглед го започнуваме во кабриолети со кои ќе ги посетиме најзначајните делови на
градот, а на крајот ќе направиме “фотки“ кои никогаш нема да ги заборавиме.
Сместување
Casas Particulares (1 ноќ)
Место
Хавана
Факултативни излети
Разглед на Централна и Стара Хавана и Возење со Кабриолети

 
Ден 4: Факултативен излет – Las Terrazas
Овој факултативен излет го започнуваме со возење до провинцијата Пинар дел Рио во кој се наоѓа местото Las Terrazas. Las Terrazas претставува едно најголемите
природни убавини на Куба, а УНЕСКО во 1985 година го има прогласено за резерват на биосфера. По пристигнувањето не очекува коктел за добредојде на имотот на
Курухеј (Rancho Curujey). Потоа следи посета на плантажите на чај - Буенависта, делумно обновена фарма од 19-ти век, каде имаме прилика да научиме нешто
повеќе за одгледување на кафе. Со пешачка тура по главните улици на заедницата стапуваме во контакт со топлите и гостољубиви локалци, а по ручекот, одиме да
се бањаме во кристално чистите води на реката Сан Хуан, опкружена со зимзелена шума. Цената на излетот вклучува: трансфер, локален водич на Англиски јазик и
ручек. Се враќаме во Хавана. Можност за ноќно излегување во некој од локалните клубови.
Сместување
Casas Particulares (1 ноќ)
Место
Хавана
Факултативни излети
Las Terrazas

 
Ден 5: Факултативен излет - Варадеро
Факултативен излет– Варадеро (Varadero). Пред да ја посетиме една од најубавите плажи на Карибите, ќе ја посетиме пештерата Saturno во која ќе имаме прилика и
да се искапеме. Потоа продолжуваме кон плажата Варадеро каде ќе уживаме во белиот песок и кристалното море. Враќање во Хавана.
Сместување
Casas Particulares (1 ноќ)
Место
Хавана
Факултативни излети
Варадеро

Ден 6: Факултативен излет - Куќата на Хемвингвеј и Playas del Este (Santa Maria)
Факултативен излет – разгледување на куќата во која живеел Ернест Хемингвеј. На овој излет ќе добиете потполна слика за целокупниот живот на славниот писател,
ќе дознаете зошто одлучил голем дел од својот живот да го помине во околината на Хавана, ќе видите негови лични предмети и ќе слушнете за неговата трагична
смрт. По прошетката одиме на плажата Santa Maria, една од плажите кои се наоѓаат на 15 километри од Хавана. Уживаме во тиркизното море, лежиме под палмите на
белиот песок и слушаме како свират локалните музичари. Враќање на Хавана.
Сместување
Casas Particulares (1 ноќ)
Место
Хавана
Факултативни излети
Куќата на Хемингвеј и Playas del Este (Santa Maria)


Ден 7: Факултативен излет - Вињалес
Рурална Куба. Ги посетуваме плантажите за тутун и шеќерна трска, сушарите за тутун, а потоа одиме во куќата на едно семејство кое живее во ова село, кадешто
нашиот домаќин ќе ни покаже како се прават кубанските цигари, а домаќинката ќе ни подготви кафе од тукушто набрани зрна од околината. По ручекот во локалниот
ресторан одиме на разгледување на Индијанските пештери кои се под заштита на УНЕСКО заради тоа што се изградени од тип на карпи кои ги има само тука и уште
на неколку места во светот. Ќе пешачиме низ една од пештерите, а потоа се качуваме во чамец кој ќе не вози по реката внатре во пештерите и ќе не изнесе на другата
страна. Враќање во Хавана во вечерните часови.
Сместување
Casas Particulares (1 ноќ)
Место
Хавана
Факултативни излети
Вињалес

 

Ден 8: Слободен ден за уживање на плажата Santa Maria
Слободен ден за уживање на плажата Santa Maria или за посета на музеите во Хавана. Можеме да го посетиме барот F“loridita” - место во кое своето време го
поминувал Ернест Хемингвеј и да го пробаме познатиот коктел Даикири! Последна ноќ на Куба, се поздравуваме со новите пријатели и ги повторуваме салса
чекорите кои ги научивме!
Сместување
Casas Particulares (1 ноќ)
Место
Хавана


Ден 9: Напуштање на сместувањето и слободно време до поаѓање
Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Хавана за Истанбул во 09:10 часот наутро.
Превоз
Трансфер од сместување до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана - Истанбул, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
Место
Хавана, Истанбул


Ден 10: Враќање и крај на патувањето
Пристигнување во Истанбул. Лет од Истанбул за Скопје во 19:35 часот. Пристигнување во Скопје. Се враќаме од неверојатно патување, а во главата сеуште ги
слушаме звуците на регетон и нозете сами ни се движат во ритамот на салса. Крај на патувањето.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
Место
Истанбул, Скопје

Што е вклучено:

 
Сместување Casas Particulares Пример   7 ноќи
Превоз
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Хавана, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана - Истанбул, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

 

Не е вклучено:

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Задолжителен ПЦР тест за влез во земјата

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€ (9.300,00
МКД). Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната
исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на
патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.