• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Мексико

Одиме на величенствените Кариби во магичното МексикоВе водиме во земјата на сомбрерата, брзиот гонзалес, текилите, тортиљите и омилениот чили сос. Во земјата која со својата историја, културен диверзитет, легендите и неверојатните пространства ќе ве купи за цел живот! 

Авантурата ја започнуваме во градот на Фрида Кало, град каде се наоѓаат прочуените пирамиди, неизбежните згради на Телевиса, градот каде шпанскиот јазик се зборува како да се наоѓате во мексиканска сапуница. Правиме обиколка на древните градови и локалитети со култура и традиција на Ацтеките и Маите. Ќе ги посетите и неверојатните Теотихуакан и Чичен Ица (Chichen Itza) едно од новите светски чуда, божествата на Маите, обичаите и се восхитуваме на нивните достигнувања каде ќе се прошетате низ антички рушевини и ќе уживате во звуците на животни од џунгла, а над вас ќе прелетуваат шарени птици.

Сместени сме во Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)- Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови...

Го посетуваме малиот рај Исла Мухерес (Isla Muјeres) каде се капеме со делфини и Исла Холбош (Isla Holbox), сеуште неоткриениот карипски бисер кој ќе ве маѓепса со својата убавина и најубавото тиркизно море. Одиме во Тулум (Tulum) каде палмите ги допираат облаците. Во Коба (Coba) ќе ни застане здивот кога од височина ќе ја видиме густата тропска џунгла која се простира до недоглед и фасцинтните сеноти, најпознатите природни подземни базени каде Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега важат за прекрасни, извајани од природата атракции.


Термини Мексико од Скопје:

 18.04 - 30.04.2021 | 1.350 €

 03.05 - 14.05.2021 | 1.175 € | Промо цена

 28.06 - 09.07.2021 | 1.200 €

 09.07 - 20.07.2021 | 1.250 €
 18.07 - 30.07.2021 | 1.250 €
 26.07 - 06.08.2021 | 1.250 €

 02.08 - 13.08.2021 | 1.200 €

 09.08 - 20.08.2021 | 1.200 €

 16.08 - 27.08.2021 | 1.200 €

 22.10 - 02.11.2021 | 1.200 €

 

План и програма за 18.04 - 30.04.2021

Ден 1: Состанок на групата и поаѓање

Состанок на групата на Mеѓународниот аеродом во Скопје два часа пред лет.

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Канкун (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Ден 2: Пристигнување во Канкун и трансфер до Плаја дел Кармен

Пристигнување во Канкун. Трансфер до Плаја дел Кармен (Playa del Carmen), преубаво место на брегот на Карипското Море во државата Кинтана Ро (Quintana Roo). Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови... Сместување во хотел. Вечерта, по желба, одиме на традиционална мексиканска вечера, а потоа во бар на неколку пијачки (текила, пиво или коктели, одлучете сами). 

  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Сместување: Hotel 52 Playa del Carmen 1 ноќ
Ден 3: Факултативен излет - Чичен Ица (Chichen Itza)

Факултативен излет во Чичен Ица (Chichen Itza), градот на Маите и едно од новите светски чуда. Ова сигурно ќе биде едно од најимпресивните места кои ќе ги видите во животот, а приказната за Маите, нивната култура и начин на живот ќе ве допрат и ќе ве натераат на длабоко размислување. Ќе имаме прилика и да се искапеме во сенотите – природни езера кои се наоѓаат во пештери. На враќање од излетот правиме кратка пауза за да го видиме градот Ваљадолид (Valladolid). Враќање во Плаја дел Кармен. Слободно време.

Ден 4: Факултативен излет - Тулум (Tulum) и Коба (Сoba)

Факултативен излет во Тулум (Tulum), градот на Маите на брегот на Карибите. Игуани во разни бои и со различна големина слободно ќе се шетаат покрај вас, а после разгледувањето на археолошкиот локалитет Коба (Сoba), одиме на една од најубавите плажи на Карипското Море и сигурно една од најубавите плажи на светот. Го имаме цело попладне за уживање во овој рај. Вечерта се враќаме во Плаја дел Кармен. 

Ден 5: Факултативен излет - Три сеноти

Слободен ден во Плаја дел Кармен. По желба, може да се организира факултативен излет и капење во трите најпознати сеноти на Јукатан. Некогаш во овие сеноти Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега сенотите важат за прекрасни, извајани од природата, атракции. Овие природни јами настанати со пропаѓање на варовникот се најпопуларните природни базени на светот. Враќање во Плаја дел Кармен.

Ден 6: Факултативен излет - Исла Мухерес (Isla Mujeres)

Факултативен излет и одлична прилика да го посетиме познатиот остров на жените односно (Isla Mujeres). Уживање во магијата на островот кој е посветен на мајанската божица на раѓањето Ишел. Овој остров е оддалечен само тринаесет километри од Јукатанскиот Полуостров и е лесно пристапен за љубителите на одлично капење во водите на тиркизните Кариби. Целиот остров може да се разгледа со голф количка со оглед на тоа што голф количките се единственото превозно средство на овој мирен остров. За љубителите на адреналински авантури постои и можност за нуркање со ајкули! Враќање во Плаја дел Кармен.

Ден 7: Факултативен излет - Исла Холбош (Isla Holbox)

Факултативен излет и запознавање на Карипските острови! Одиме на островот Исла Холобош (Isla Holbox) за кој без двоумење можеме да кажеме дека е рајот на земјата. Сеуште неистражениот остров е познат по kite boarding, убавите плажи и чудесниот биодиверзитет. Пред самиот остров се наоѓаат лагуните кои се дом на фламинга и пеликани. Враќање во Плаја дел Кармен.

Ден 8: Факултативен излет - Мерида

Мерида е престолнина и најголемиот град на Јукатан и на ова патување ќе имаме време за факултативен излет до него. Овој град поради велелепната архитектура го нарекуваат „La Ciudad Blanca” односно „Бел град“. Прошетка по познатата авенија Пантехо (Panteho), која името го добила по шпанскиот конкистадор кој го основол овој град. Низ целиот град се гледа сјај и микс на различни стилови почнувајќи од шпански, преку француски, до италијански. Враќање во Плаја дел Кармен.                                

Ден 9: Факултативен излет - Las Coloradas и Rio Lagartos

Слободен ден или прилика за посета на неоткриените делчиња на Јуката. Факултативниот излет Las Coloradas и Rio Lagartos е посебно доживување во Мексико! Розевите лагуни каде живеат фламингоси, возење со чамци низ мангровите шуми, крокодили, лековита кал која ја користат Мексиканците како и туристиите, а потоа следи вистинската мексиканска приказна – градот Тизимин. Враќање во сместувањето.

Ден 10-11: Слободни денови за уживање во Карипскиот рај

Слободни денови во Плаја дел Кармен и прилика да ги впиеме последните сончеви зраци на Мексиканското сонце.

Ден 12: Напуштање на сместувањето и враќање

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. 

Ден 13: Пристигнување и крај на патувањето

Пристигнување во Истанбул и полетување за Скопје. Крај на патувањето.


Во цената е вклучено:

  • Комплетна организација и услуги од претставникот на агенцијата на дестинацијата
  • Сместување во двокреветни соби на база на 9 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотел со 4* (локална категоризација) во Плаја дел Кармен https://www.hotel52playa.com/ 
  • Сите трансфери од аеродром до сместување, од сместување до аеродром и меѓу градовите по планот и програмата на патување
  • Повратен авионски билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул - Канкун - Истанбул - Скопје, во економска класа со Turkish Airlines (авионските билети се со вклучен 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж)
  • Храна (континентален појадок)

 

Регуларна цена: 1.350,00 EUR
Last minute до 26.03.21: 1.150,00 EUR

 

 

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€, по добивање на виза се уплаќаат уште 700€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Во цената не е е вклучено
  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мексико

Факултативни излети: 

  • Чичен Ица (Chichen Itza) Цена: 80,00 EUR
  • Тулум (Tulum) и Коба (Coba) Цена: 60,00 EUR
  • Три сеноти Цена: 50,00 EUR
  • Исла Мухерес (Isla Muјeres) Цена: 85,00 EUR
  • Исла Холбош (Isla Holbox) Цена: 70,00 EUR
  • Мерида Цена: 60,00 EUR
  • Rio Lagartos и Las Coloradas Цена: 70,00 EUR

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

1.ВИЗИ

За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во земјата. Надлежна амбасада е амбасадата на Мексико во Белград и неопходно е лично присуство. Визата во главно важи за 6 месеци од денот на издавање и оваа информација е неопходно да ја проверите пред закажување на терминот во амбасадата. Оваа информација е многу важна, за да не дојдете во ситуација визата да истече пред да заминете на пат, доколку визата ја регулирате многу порано од самото поаѓање.

* На патниците кои поседуваат важечка виза за САД не им е потребна виза за Мексико.

* За време на слетувањето во Мексико, на аеродромот добивате формулари кои е потребно да ги пополните пред миграциските контроли. Дел од формуларите го задржувате и го чувате се до излез од земјата.

2.ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

Не е потребна вакцинација за влез во земјата. Се препорачува консумирање на флаширана вода. Пожелно е да понесете лекови за стомачни болки (пробиотик) и фервекс или некои лекови за болки и покачена температура, за секој случај.

3.ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Мексико се наоѓа во UTC - 6 временска зона, 7 часа во однос на С. Македонија.]

4.НАПОМЕНА

  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Агенцијата не гарантира и не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.