НЕОС МАРМАРАС
VILA KOULAS (17)
Ново во нашата понуда...Вилата „Koulas“ во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија се наоѓа на извонредна локација-на само 100 метри од плажата „Paradisos“ која е лоцирана на почетокот од градот. Од центарот на Неос Мармарас е оддалечена помалку од еден километар. Вилата располага со трокреветни студија кои се наоѓаат на првиот спрат и имаат големи тераси со поглед на улица кои се заштитени со тенди.
Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни (решо, мал фрижидер со мини комора и основни садови за готвење и јадење), купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во студиото. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Пред вилата има простор каде можете да ги паркирате своите возила.
Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио без вклучен превоз
Вила “Koulas” – Неос Мармарас |
||
Смена: |
Ноќевања: |
1/3 студио |
20.05-30.05.2024 |
10 |
350€ (21.700) |
30.05-09.06.2024 |
10 |
450€ (27.900) |
09.06-19.06.2024 |
10 |
550€ (34.100) |
19.06-29.06.2024 |
10 |
650€ (40.300) |
29.06-09.07-2024 |
10 |
700€ (43.400) |
09.07-19.07.2024 |
10 |
750€ (46.500) |
19.07-29.07.2024 |
10 |
750€ (46.500) |
29.07-08.08.2024 |
10 |
750€ (46.500) |
08.08-18.08.2024 |
10 |
750€ (46.500) |
18.08-28.08.2024 |
10 |
750€ (46.500) |
28.08-07.09.2024 |
10 |
650€ (40.300) |
07.09-17.09.2024 |
10 |
550€ (34.100) |
17.09-27.09.2024 |
10 |
450€ (27.900) |
27.09-01.10.2024 |
4 |
150€ (9.300) |
НАПОМЕНИ:
- Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење
- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
- Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите услови за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот
Доплата за превоз:
- Цена на повратен билет –50 евра;
- деца до 2 години бесплатно (без седиште);
- од 2-12 години-40 евра
- Цена за билет во еден правец 40 евра;
- деца од 2-12 години- 35 евра.
- Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
Опис на собите:
Студио бр.1
Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е голема, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед кон улицата и бочен поглед кон морето.
Студио бр.2
Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е голема, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед кон улицата.
Студио бр.3
Трокреветно студио на прв спрат кое има три единечни кревети, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има помало купатило. Терасата е голема, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед кон улицата.
Локација:
40.092750776939646, 23.786520342328583
- Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.