VILA FIORE (20)

Парга е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини.  Парга е комплетно летовалиште и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите  островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.


Студиа Фиоре Б кат. – Парга – 180 метри од плажа(идиличната Писо-Kрионери), со одличен пристап до море без нагорнини, симпатично уреден двор со зеленило и мала скара, прикладни места за паркирање, близина на атлетскиот центар на Парга. Студијата се комплетно реновирани во 2011, опремени со кујни, тоалет, ТВ, клима со доплата 5 Еур/ден, тераси, сателитска телевизија, секои 3 дена чистење на апартманите. Студиата се со модерен дизајн и соодветна пространост, идеални за комфорен семеен одмор, некои се со поглед на  море.

 

ПОПУСТИ: 25% до 30.11.2022      20% до 31.12.2022     15% до 28.02.2023     10% до 30.03.2023
Вила Фиоре Б кат Maj Јуни Јули Август Септември
Парга 24 31 07 14 21 28 05 12 19 26 02 09 16 23 30 06 13 20
Број на ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/2 студио. Приз. 89 99 119 199 259 279 309 379 409 409 409 409 409 409 369 339 149 99
1/3 сту.+екс.кр Приз. 109 119 139 219 279 299 329 399 439 439 439 439 439 439 389 359 159 99
1/2 Студ. Спрат 119 129 149 229 289 309 339 409 449 449 449 449 449 449 399 369 169 129
1/2 ст.+екс.кр спрат 129 139 159 239 299 319 349 419 459 459 459 459 459 459 409 379 179 139
1/4 студио 139 159 179 259 329 339 379 439 489 489 489 489 489 489 439 409 189 159
1/2+2 АПП приземје 149 169 189 279 339 349 389 449 499 499 499 499 499 499 449 419 199 169
  промо промо промо / / / / / / / / / / / / / промо промо
Цените се дадени за наем на студио на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио(број на кревети), освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Доплата за автобуски превоз 55 Еур возрасни – Скопје, Велес, Кавадарци, Битола и Прилеп .
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст -10 Евра од редовната цена. Доплата за превоз Струга, Охрид, Ресен + 5 Еур.
Клима 40 Еур неделно. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат.
Термните кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст.
 Важат Општите услови за патување на СКТМ.

 

Време на поаѓање кон Грција:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

 

Време на заминување од Грција:

(времињата се по МК време)

Бус Лефкада
Агиос Никитас 12.30 часот
Нидри 13.00 часот
Никиана 13.30 часот
Канали 14.15 часот

Бус Парга-Врахос
Врахос 13.00 часот
Амудиа 13.15 часот
Парга 13.45 часот