• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Будва (79)

17.06.-20.06.2021 

Цена  3.410,00 ден (55 € )

 

1 ДЕН 17 Јуни:Состанок на групата на паркинг на хотелот VIP во 22.30 ч. поаѓање 23:00 часот. Се патува перку граничен Блаце-Косово, Албанија, Црна Гора, со попатни паузи.

2 ДЕН 18 Јуни:Пристигнување во утринските часови во Манастирот Св. Василие Острошки, сместен на висок масивен карпест дел кој претставува најголемо Црногорско светилиште и најпосетуван манастир на Балканот. Основан од страна на Св. Василие во 17 век посетен од приближно 300.000 верници во текот на годината. Моштите за кои се верува дека се чудотворни се наоѓаат во горниот манастир. Слободно време за разглед на Манастирот. Во договорено време заминување за Будва, попатна посета на Манастир Дајбабе. Пристигнување во Будва. Сместување во вили. Ноќевање.

3 ДЕН 19 Јуни: Организирана факултативна посета на Котор со разглед на градот со град заштитен од Унеско како светско културно наследство. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. По попладневните часови, враќање во Будва.. или слободно време за одмор или прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град на Будва, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Ноќевање..

4 ДЕН 20 Јуни: Заминување за Скопје со  попатно застанување кај Свети Стефан за фотографирање и разглед на Бар.  Пристигнување во Скопје во вечерни часови.                    

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Две ноќевања во вила во Будва
  • Посета на Бар,Будва,Острог
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Туристички пратител на програмата

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативна посета на Котор 5€ (мин. 20 лица за реализација);
  • Превоз со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец
  • Туристичка такса во Црна Гора-1 еур
  • Патничко осигурување

Напомена: 

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 35 патници.
- Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени патници да го откаже аранжманот 7 дена пред поаѓање.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања. 
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите или факултативите во програмата.
За овој програм може да се патува и само со лична карта и НЕ е потребен PCR тест.