Vila Eva (Ex. Corfu) (81)

Неа Флогита е прекрасно место кое лежи на западниот

брег на Халкидики, на само 50 км. од Солун. Богата е со зеленило и има долга и пространа песочна плажа, која е одделена од градот со прекрасен парк, барови на плажа, таверни и секако тиркизно бистрото море. Местото пружа фантастичен поглед  на заливот Термиакос и при ведро време, на планината Олимп. Во последните 10 години Флогита се преобратува во вистинско монденско место омилено како од младите така и од повозрасните генерации.

 

Вила КОРФУ е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел Корфу, и на околу 50 м. од плажата. Располага со четворокреветни и петокреветни апартмани и четворокреветни студија, пространи, модерно дизајнирани, со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената), и пространи тераси.


Локација: https://www.google.com/maps/place/40%C2%B015'30.1%22N+23%C2%B012'51.6%22E/@40.257317,23.2141662,15z/data=!4m5!3m4!1s0x0:0xd1aeed4cf1ccf0a7!8m2!3d40.25837!4d23.21433?hl=en

40°15'30.1"N 23°12'51.6"E


ТЕРМИН ОД:

НОЌИ

CORFU     1/4        std./app

CORFU   1/5 app

21.05

7

110

120

28.05

7

150

170

4.06

7

210

240

11.06

7

270

280

18.06

7

320

330

25.06

7

340

360

2.07

7

410

440

9.07

7

450

480

16.07

7

450

480

23.07

7

450

480

30.07

7

450

480

6.08

7

450

480

13.08

7

450

480

20.08

7

410

420

27.08

7

320

340

3.09

7

260

280

10.09

7

170

210

17.09

7

120

140

 

НАПОМЕНИ:

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања.

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).

* Туристичка такса е 0.5 еур на ден по апартман и се плаќа на лице место.

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.

* Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 eur = 62,00 мкд.


ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%. * Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманот.

 

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 30% од износот на аранжманот

* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата.

 

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 40 € возрасни

* 30 € деца од 2 - 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)