• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA TZOULI ( 12 )

Куќа “Tzouli 1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од плажата. Капацитетите се над bakery ‘Julie’ (најдобрата пекара во местото), спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 3 капацитети се во нашата понуда и сите се на 1-ви кат) :

1/5+1 дуплекс апартман број 1 – со 1 стандарден + 1 на извлекување и кревети на спрат (bunk) во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети во друга спална соба и посебна дневна соба со одлична кујна и фотеља. Има 2 тераси: една поголема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат лимитиран поглед море.

1/4 +1 апартман број 2 –  1+1 стандардни единечни кревети во спална и 1 стандарден +1 на извлекување и софа во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед на улица.

1/4 +2 апартман број 3 – 1+1 стандардни единечни кревети во спална како и 1 стандарден + 1 на извлекување и софа на пуштање во дневна споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед кон двор.

Сите се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре . Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

Попуст за рана резервација:
15 % попуст за целосна уплата до 10.05. за термините 22.05., 29.05. и 05.06
10 % попуст за целосна уплата до 10.05. за сите останати термини
ТерминНоќевања1 и 2 лице3, 4 и 5 лице
22/05-29/05 7 79 40
29/05-05/06 7 99 40
05/06-12/06 7 119 40
12/06-19/06 7 159 40
19/06-26/06 7 179 40
26/06-03/07 7 199 40

Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица
ТерминНоќевања1/4+1
апартман
1/4+2
апартман
1/5+1
дуплекс
03/07 - 10/07 7 479 499 539
10/07 - 17/07 7 499 519 559
17/07 - 24/07 7 519 539 579
24/07 - 31/07 7 519 539 579
31/07 - 07/08 7 519 539 579
07/08 - 14/08 7 519 539 579
14/08 - 21/08 7 519 539 579
21/08 - 28/08
509 529 569

ТерминНоќевања1 и 2 лице3, 4 и 5 лице
28/08-04/09 7 199 40
04/09-11/09 7 159 40
11/09-18/09 7 119 40
18/09-25/09 7 89 40
25/09-02/10 7 79 40

Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплата за трето лице по 40 евра (без разлика дали користат превоз).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра)
    За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550  мкд. (25 евра)
    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Игуана травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Игуана травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.