VILA TALASSINOS 10 nokji (17)

Касандра ги има пространите песочни плажи со кристално бистро, чисто и топло море, живописните летувалишта, традиционалните села и богатиот ноќен живот. Близината на Солун му даваат предност пред многу други места за одмор. На самиот влез во Касандра, на само 45 километри од Солун се наоѓа малото туристичко место Неа Плагиа. Има плитка и песочна четири километри долга плажа покрај која се протега убаво уредено шеталиште со многу таверни, слаткарници, кафетерии, маркети...Гратчето е споено со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата што се лоцирани покрај самата плажа. Целото туристичко место станува атрактивно особено во вечерните часови кога шеталиштето започнува да се полни со најразновидни тезги на отворено каде туристите можат да пазаруваат по пристапни цени. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои  доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.

 

Вилата Talassinos се наоѓа во централниот дел на Неа Плагиа, лоцирана на само неколку метри од убаво уредената плажа. Од морето ја дели парк преполн со зеленило. Во нашата понуда имаме трокреветни и четирикреветни  апартмани на прв спрат кои имаат тераси заштитетни со чадори кои имаат поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо со две рингли, аспиратор, мал фрижидер, основни садови за готвење и јадење),телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Возилата можете да ги паркирате во непосредна близина на вилата .

 

Напомена:

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење. 

-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019 

 

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)

- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

- Во студијата и апартманите дозволено е сместувања на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 

-Сместувањето е првиот ден после 14: 00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот по локално време 

- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.

- Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и одпадоци

- Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

 Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот

- Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на соспственикот на вилата на лице место 

- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе бјавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 евра 

- Организиран превоз 

- цена на повратен билет -35 евра , деца до 2 години бесплатно (без седиште) деца од 2- 12 години -25 евра