• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

САРАЕВО (1)

Мостар, Вишеград, Дрвенград

4 дена / 2 ноќевања

Цена: 99 € / 6.140 ден.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

09.Октомври (петок)       СКОПЈЕ – САРАЕВО

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 19:00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце и Република Србија. Ноќно возење со попатни одмори.. 

 

10.Октомври (цабота)         САРАЕВО

Пристигнување во претпладневните часови. Панорамско разгледување на градот: Алипашино поле, Грбавица, Скендерија, Мостовите на Миљацка, Народниот театар, Градската куќа, Царската џамија, Башчаршија, Казанџилук – казанџиската улица на сувенири, Себиљ - центарот на стариот град, Мориќа Хан, Газихусревбеговиот безистен и Газихусревбеговата џамија, Синагогата, Катедралата, Црквата Св.Арангел Михаил и др. Сместување во хотел. Слободно попладне за прошетки и индивидуални активности. Вечерат- факултативна вечера со мени од босанската кујна во амбиент збогатен со музичка програма од традиционалните “севдалинки”. Ноќевање.

 

11.Октомври (недела)      САРАЕВО - МОСТАР

Појадок. Можност за факултативна посета на Мостар еден од најубавите градови во Босна и Xерцеговина, кој името го добил по чуварите на мостовите на реката Неретва (мостари) на чиј брег е послан градот. Разглед на Mостар: Стариот мост ( кој заедно со стариот дел на градот во 2005 е ставен на листата на УНЕСКО), кулата Келебија, Саат кула, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва... Слободно време за индивидуални активности. Ручек во “Благај“ (излетничко место со прекрасен рибен ресторан). Враќање во Сараево. Ноќевање.


12.Октомври (понеделник) САРАЕВО – ВИШЕГРАД – ДРВЕНГРАД - СКОПЈЕ

Појадок. Заминување за Скопје со попатна посета на двата града изградени од познатиот филмски режисер Емир Кустурица: Андриќевиот град во Вишеград, сместен меѓу  реките Дрина и Р`зава во Република Српска-Босна и Херцеговина, инспириран од делата и ликовите на нобеловецот Иво Андриќ. Тој е всушност визија како Вишеград можел да изгледа да не го заобиколиле ренесансата и другите историски периоди и Дрвенград -етно селото на Меќавник изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“Патувањето продолжува кон Србија со попатни одмори. Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 99 € (6.140,00 мкд)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел со ***, 2 ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на Сараево
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна вечера  со музички програм (25 €)
  • Факултативна посета на Мостар (20 €)
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици
  • Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги