VILA TITIS (74)

 

Вила Титис се наоѓа во срцето на центарот на градот Скијатос. Оддалечена е околу 350 метри од пристаништето и околу 50 метри оддалечена од главната улица Пападијамантис. Од градската плажа е оддалечена само 350 метри, а иста оддалеченост има и од познатото пристаниште на кое се снимени сцени за познатиот „Мама Миа“ мјузикл. Вилата има двокреветни и трокреветни студија. Сите сместувачки единици се опремени со кујна (готвење со две плочи), фрижидер, купатило со туш, клима уред (вклучена употреба), ТВ и тераса. Без рерна. Нема сопствен паркинг.
Студиата не располагаат со крпи, WiFi има во вилата, а приватен паркинг нема.

Структура на креветите за двокреветните судиа се: Две единечни кревети или еден брачен кревет.
Структура на трокреветните студиа се:  3 еднокреветни кревети или брачен кревет + единечен кревет

 

Попусти од 25 – 40е до 29.02.2020

 

 

Важно

CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00

Почитувани патници. Скијато е остров кадешто секој живее уникатно и со стил.

Скијатос е остров со преубави пејсажи и спокој.

Нашата агенција се одлучи за островот поради самиот дух кој го има. Затоа сакаме да ве информираме дека не станува збор за класично летување, туку дека Скијатос заслужува да биде истражуван.

Ако се навратиме на тоа дека на волку мал остров се наоѓа еден од доста фреквентните аеродроми преку лете во Грција, ќе заклучиме дека остовот вреди милиони.

Нашите вили Титис и Ангела се наоѓаат во срцето на градчето Скијатос, а каде ќе го почуствувате духот на островот е вила до која се пристигнува пеш со куферите од самиот траект, додека пак до хотел Есперос се ортанизира транспорт со автобус.


Белешки:
* Грчки стандард за брачен кревет 160-180cm
* Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
* Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
* Како и кај вила Ангела, фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.

Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

 

 

Што е вклучено во цената
7 ноќевања – 8 дена на СкијатосАвтобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
Туристички пратител за време на патувањето и престојот на Скијатос
Цените се изразени по лице за 7 ноќевања
За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата
За сопствен превоз се одземаат 25 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Скијатос

Што не е вклучено во цената
Дополнителeлни 25€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос-Волос во самиот автобус
Патничко осигурување (без франшиза) (ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се прави во агенцијата)
Факултативни излетиКористење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилитеСедиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата
Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице