Копаоник претставува еден од поголемите планински венци во Србија. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово.

Копаоник е најпопуларен скијачки центар во Србија, со вкупно 25 жичници со капацитет од 32.000 скијачи на час. Во 1981 г. е отворен и националниот парк, кој зафаќа површина од 118,1 км и се наоѓа во средиштето на венецот.


Сместување во Вила Добродолац - Брзече. БРЗЕЧЕ е туристичка населба со многу хотели, вили и апартмани, во подножјето на Копаоник, на само 15 км од самиот ски – центар Копаоник. Жичарите Бела река 1 и 2 го поврзува Брзече со централниот ски центар Копаоник, а на секои 60 мин. има автобус од Брзече до Копаоник. 

Vila Dobrodolac се наоѓа во викенд населбата Брзече на 1100 метри надморска височина и на18км од ски центарот Копаоник. На 250м од вилата се наоѓа гондола која води од Бела Река (Брзече) до Мали Караман (Копаоник). Цената на жичарата е вклучена во ски картата. Сите соби имаат француски лежај и еден или два помошни кревети, ТВ, центрaлно греење (парно на пелети), Wi-Fi.