• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Азурен брег 3НП (23)

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Ница-Кан- Антиб-Сен Тропе- Монако-Монте Карло

 

Термин 07  Март


1 ДЕН 07.03.2023 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

 2 ДЕН  08.03.2023 НИЦА 

Oчекувано пристигнување во  Ница околу пладневните часови. По пристигнувањето – разглед на стариот дел на Ница. Ве водиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ центарот на Ница. Ноќевање.

 03 ДЕН 09.03.2023 НИЦА – СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО

Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата...   Во попладневните часови враќање во Ница.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 04 ДЕН 10.03.2023 НИЦА – АНТИБ – КАН :

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 8 еур)...  а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината... Враќање во Ница, можност за индивидуални прошетки низ центарот на Ница и ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Ноќевање.

05 ДЕН  11.03.2023 НИЦА – ЕЗ – МОНАКО  - СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек.  Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 

06 ДЕН 12.03.2023 СКОПЈЕ: 

Очекувано Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  20.01.2023 : 249€ / 15.440 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  279 € / 17.300 ден

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Hotel KHLA 3* во  Ница, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Ница
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување 150мкд,
  •  Посета на Ст. Тропе (40€)
  •  Посета на Кан и Антиб(50€)
  •  Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (30€)
  •  Задолжителна посета на Монакои фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (30€)

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег - 140€

  • Крстарење до Св. Маргарита со посета на музејот на морето (15€)( надвор од пакетот излети)
  • Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 10€

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.