АЛ ХОТЕЛ (78)

ВАЛОНА – албанска убавица каде се спојуваат јонско и јадранско море, едно од најатрактивните туристички дестинации во Албанија. Валона се карактеризира со прекрасна пространа песочна плажа, велосипедски и пешачки патеки, булевари, голем број на ресторани и таверни со поволни цени.


АЛ ХОТЕЛ – нов објект кој се наоѓа на околу 5-7 минути пешки до плажа и до пешачката патека каде се наоѓаат маркети, кафетерии и ресторани. Објектот располага со 17 соби од различна структура двокреветни, трокреветни и четворокреветни. Дел од собите имаат и директен поглед према море. Сите соби имаат балкон, тв, приватен тоалет, клима (вклучена во цената), мини фрижидер. Дел од собите располагаат со кујна, а собите кои немаат кујна на располагање ќе им биде кујната од ресторанот каде ќе можат да си приготвуваат сами или да им приготви лице вработено во кујната. На сите патници им следува богат доручек на база шведски стол кој е вклучен во цената. Ресторанот е во склоп на хотелот и е на располагање на гостите со мени на македонски, албански и англиски јазик. Хотелот располага со интернет и приватен паркинг.


ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПОЈАДОК

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ПО КУРС 1 ЕУ – 62 МКД

ВАЛОНА – АЛ ХОТЕЛ
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК
ТЕРМИН Цена по лице Цена со попуст до 15.03.2022
28.05-04.06.2022 79 69
04.06-11.06.2022 99 79
11.06-18.06.2022 109 95
18.06-25.06.2022 119 105
25.06-02.07.2022 139 119
02.07-09.07.2022 169 149
09.07-16.07.2022 169 149
16.07-23.07.2022 169 149
23.07-30.07.2022 169 149
30.07-06.08.2022 169 149
06.08-13.08.2022 169 149
13.08-20.08.2022 159 139
20.08-27.08.2022 149 129
27.08-03.09.2022 135 115
03.09-10.09.2022 99 75
10.09-17.09.2022 89 65

 

Двокреветна соба: брачно легло ( за 2 возрасни лица + 1 дете до 4 години, на легло со родител)

Трокреветна соба: брачно легло + 1 единечно легло ( за 3 возрасни лица + дете до 4години кое дели легло со родители)

Четворокреветна соба: едно брачно легло + 2 единечни легла (погодно за 4 возрасни лица +  дете до 4 години)

 

ПОПУСТИ ЗА 3то и 4то лице во трокреветна и четворокреветна соба – 50 %

 

ПРЕВОЗ:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД СКОПЈЕ, ВЕЛЕС, ПРИЛЕП, БИТОЛА, РЕСЕН, ОХРИД, СТРУГА:

45 ЕУ ПО ЛИЦЕ

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД ШТИП – 55 ЕУ ПО ЛИЦЕ

ДОПОЛНИТЕЛНО САТНИЦИ НА ПОАЃАЊЕ!!!

 

Предлог место за посета кога летувате во Валона

КРСТАРЕЊЕ ДО ПОЛУОСТРОВОТ КАРАБУРН – лоциран во Југоисточна Европа или Југозападен дел во Албанија кој речиси целосно е опкружен од северната страна со Јадранско море и на јужната страна со Јонско море. Западниот дел од островот се карактеризира со прекрасни плажи, тиркизна боја на море, заливчиња, пештери, карпести плажи. Островчето е карактеристично со медитеранска клима и е доста посетувано од страна на туристите.

Ние како агенција организираме крстарење со брод со нашиот претставник во Валона кој на патниците ќе им обезбеди трансфер од вилата до пристаништето и назад.

Цени околу оваа факултатива дополнително ќе објавиме.

 

НАПОМЕНА!!!

Користењето на собите започнува од 14 часот, а собите се напуштаат последниот ден во 9 часот (багажот се остава на рецепција).

Цените се со вклучен доручек и трансфер од местото каде што автобусот ги слегува патниците.

Во текот на престојот гостите сами се грижат за хигиената во собите, на барање може да се изврши промена на постелнина или крпи (на рецепција). Собите имаат крпи.

Агенцијата не гарантира за јачината на интернет во хотелот.

Сите настанати штети се на товар на патникот, агенцијата не превзема одговорност.

Во Р.Албанија патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош. Сертификат за вакцинација, брз или антиген тест.

Превозот ги слегува патниците до најблиската лоакција каде може да се паркира автобус. Багажот на патниците ќе биде превземен од страна на одговорно лице од вилата.

Во собите е дозволено да се сместат само лица согласно со предвидениот капацитет и структура на соба.

Клима уредот е вклучен во цената.

Туристичка такса 0.50 центи од ден по соба се наплаќаат во агенција.

Препорачуваме патничко осигурување.

Важат општите услови на патување.