• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КАПАДОКИЈА (79)

КАПАДОКИЈА

СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ- АНКАРА – СОЛЕНО ЕЗЕРО - УРГУП-МУСТАФА ПАША( КАПАДОКИЈА) - КОЊА- ПАМУККАЛЕ- ЕФЕС- КУШАДАСИ- ТРОЈА – ЧАНАККАЛЕ - СКОПЈЕ

 7 ноќевања

 08.10.-17.10.2020

08.10. Прв ден. СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок 16.00 часот на паркинг спроти САЕМ- хотел ВИП. Заминување на групата во 16:30 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни застанувања -паузи.

09.10. Втор ден. ИСТАНБУЛ 

 Пристигнување на групата во раните утрински часови. Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич. Попладнето сместување во хотел. Слободно време за факултативни и индивидуални прошетки и шопинг. Ноќевање.

10.10. Трети  ден. ИСТАНБУЛ - АНКАРА

По појадокот крстарење со брод по Босфор (факултативно), каде ја имате единствената можност да ги видите палатите изградени од двете страни на Босфорот. По крстарењето упатување на групата за Анкара. Панорамски разглед на Анкара со локален туристички водич и посета на Музејот на Анадолските цивилизации и Мавзолејот на Ататурк-основачот на Современа Турција.

https://www.youtube.com/watch?v=amUZWxz7UA4

https://sanalmuze.gov.tr/TR-259961/anadolu-medeniyetleri-muzesi---ankara.html

Потоа сместување во хотел. Ноќевање.

11.10. Четврти  ден. АНКАРА- СОЛЕНО ЕЗЕРО -АКСАРАЈ - КАПАДОКИЈА

Појадок. По појадокот заминување на групата кон Кападокија и попатно разглед на солените езера и Аксарај.

https://www.youtube.com/watch?v=1Fyl3hCTSTM

https://www.youtube.com/watch?v=rdAh09d7PKg

Попладнето Пристигнување во Кападокија. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

12.10. Петти ден. КАПАДОКИЈА Ѓореме, Аванос, Дервент.......

13.10. Шести ден. КАПАДОКИЈА Летање со балон, Угруп, долина на гулабите......

14.10. Седми  ден. КАПАДОКИЈА – КОЊА - ПАМУККАЛЕ

Појадок. По појадокот упатување на групата кон Памуккале. Попатно посета на Коња.

https://www.youtube.com/watch?v=_FsK2fQlKy8

https://www.youtube.com/watch?v=vda519GzESM

Пристигнување во Памуккале во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

15.10. Осми ден. ПАМУКАЛЕ-ЕФЕС- КУШАДАСИ

Појадок. По појадокот, турнеја низ античката Хиераполис: Некропола, Амфитеатар, Храмот на Аполо, бањата на Клеопатра ... Уживање во памукалето - тврдината на памук - уникатно чудо на природата со травертини формирано од таложење на варовник и калциум термичка вода од 37°C. Попладнето упатување на групата кон Ефес. Разглед на античкиот град Ефес и домот на Св.Марија (факултативно влезници).

https://www.youtube.com/watch?v=KTB8x-Z385w

https://www.youtube.com/watch?v=WE-yQlg-YRg

Пристигнување во Кушадаси. Ноќевање.

16.10. Девети ден. КУШАДАСИ – ТРОЈА – ЧАНАККАЛЕ

Појадок. По појадокот упатување на групата кон Троја и Чанаккале. Разгелед на Троја и Чанаккале.

https://www.youtube.com/watch?v=4kMQs2ALA94

https://www.youtube.com/watch?v=9T11cii3m2c

Попладнето упатување на групата кон Македонија.

17.10. Десетти  ден. СКОПЈЕ

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 15.190,00 денари (245еур)

 

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги:

-    Превоз на наведената релација со туристички автобус

-    Едно ноќевање со појадок  во хотел  со 3 *** во Истанбул

-    Едно ноќевање со појадок   во хотел  со 3 *** во Анкара

-    Три полупансиони ( појадок и вечера)  во хотел  со 5 *** во Кападокија

-    Едно ноќевање со појадок  во хотел  со 3 *** во Памуккале

-    Едно ноќевање со појадок  во хотел  со 3 *** во Кушадаси

-    Лиценциран туристички водич за време на целото патување, 

-    Локален туристички водич во Анкара,Кападокија и Истанбул

-    Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

Во цената не се вклучени следните услуги:

-     Посета на Музејот на Анадолските цивилизации  во Анкара – 6 евра*

-     Посета на Музејот на отворено-Ѓореме во Кападокија – 8  евра 

-     Посета на Тврдината Учхисар – 2 евра , Посета на Долината Зелве – 4 евра

-     Ефес - 10 евра,  куќата на Света Марија - 8 евра ,

-     Пергамон –  10 евра

-     Турска вечер  во Кападокија со богата музичка програма -30евра

-     Ексклузивна можност за летање со балон над Кападокија 45 минути околу 90 -130 евра.

-     Крстарење со брод по Босфор – 20 евра

-     Долмабахче - 20 евра

-     Топ капи - 20 евра.

-     Патничко  осигурување 400,00 ден.                    

 

НАПОМЕНА

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници  ,

ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ  ИЗЛЕТИ  :ТРОЈА****ЕФЕС  И  КУЌАТА  НА СВЕТА МАРИЈА** УПЛАТА- 10дена пред поагање на групата.  Другите факултативни излети  ќе може да се букираат-уплаќаат попатно  кај  водичот-пратителот на  групата.

  ЗА  СЕКОЈ ФАКУЛТАТИВЕН  ИЗЛЕТ-ПОСЕТА НА ЗНАМЕНИТОСТИ ПОТРЕБНО Е МИНИМУМ .....20 лица-уплати за реализација.

ЗА ГРУПАТА ЗА ВРЕМЕ НА ЦЕЛОТО ПАТУВАЊЕ ЌЕ БИДАТ ЗАДОЛЖЕНИ 3 ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОДИЧИ ОД МКД И ТУРЦИЈА КОИ ЌЕ КОМУНИЦИРААТ СО ГРУПАТА НА МАКЕДОНСКИ И СРПСКИ ЈАЗИК

ПАТУВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ СПОРЕД НАЈВИСОКИ ЗДРАВСТВЕНИ СТАНДАРДИ, ХОТЕЛИТЕ ВО КОИ ШТО ЌЕ БИДЕМЕ СМЕТЕНИ ПОСЕДУВААТ СЕРТИФИКАТИ ЗА РАБОТА ВО COVID УСЛОВИ


НОВО НОВО НОВО !!!!!!!!!!! 

МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОМБИНИРАН ПРЕВОЗ АВИОН И АВТОБУС И ТОА:

                                    АВИОНСКИ ПРЕВОЗ СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ ПА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ГРУПАТА,

                                    АВИОНСКИ ПРЕВОЗ СКОПЈЕ - КАПАДОКИЈА ПА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ГРУПАТА,

                                    АВИОНСКИ ПРЕВОЗ ИСТАНБУЛ - АНКАРА ПА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ГРУПАТА,

                                    АВИОНСКИ ПРЕВОЗ ИЗМИР - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ