• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

СОКОБАЊА (64)

Сокобања се наоѓа во источинот дел на Србија, на оддалеченост од 260 km од Скопје, a на самиот влез  ќе наидете на паролата „Сокобања, Соко град, дођеш стар, одеш млад“. Соко Бања  се наоѓа во долината на реката Моравица, помеѓу планините Озрен и Ртањ, на 400 m надморска височина. Бањата постои уште од римско време, а на темелите на римските бањи, Турците го подигнале својот амам, што претставува најстар објект за лекување во оваа бања. 

Она што исто така ја прави Соко Бања привлечна за туристите се термо-минералните води, идеалната надморска височина, умерено-континенталната клима, чистиот планински воздух и убавата недопрена природа. Богатството со лековита вода и климатските фактори, влијаат позитивно на лица со хроничен бронхитис, астма, психонеуроза, благи форми на висок крвен притисок и сл. Друг интересен факт за оваа фантастична бања е тоа што се смета за боемско место и место за одмор на уметници, писатели, сликари, режисери и многу други познати личности кои престојувале тука, како на пример Иво Андриќ, Бранислав Нушиќ, Меша Селимовиќ и др. Слободно може да кажеме дека Соко Бања е идеално место за одмор и уживање и со право го носи епитетот „оаза на кислород во Европа“.

Програма
1 ДЕН: 10.09.2021 (петок)
    Состанок на групата на Дрводекор во 07.00 часот. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. По смстувањето, следува организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Враќање во апарманите. Слободно индивидуално време. Вечера. Ноќевање.
2 ДЕН: 11.09.2021 (сабота)
    Појадок. Слободно време за посета и уживање во СПА центарот Соко Терме (влезницата НЕ е вклучена во цената). Слободно попладне за индивидуални активности. Вечера . Ноќевање.
3 ДЕН: 12.09.2021 (недела)
    Појадок. Одјавување од апартманите. Потоа следува организирана посета на Озрен, излетничко место со прекрасна природа, како и посета на еден од најубавите водапади во Јужна Србија – “Ripaljka“. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖАМНОТ: 69 евра (4278 денари)

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз до наведената релација
- 2 полу пансиони (доручек и вечера) во Ресторан Сплендид – Сокобања
- Сместување во приватни вили во Сокобања
- Исхраната е во ресторан Сплендид – Сокобања
- Сите вили се наоѓаат во непосредна близина на ресторанот
- Посета на Озрен и водопадите Рипаљка

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Туристичка такса 1.20 евра по ден по лице
- Влезница во Соко Терме 
- Патничко – здравствено осигурување

 Напомена:

- За деца од 3-9,99 год, доколку патувааат со двајца возрасни се плаќа 50% од сумата
- Се патува со лична карта или пасош 
- За влез во Србија не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела
- Организаторот има право да го откаже патувањето еден ден пред поаѓање доколку нема доволен број на патници
- Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.