• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Кушадаси - Ефес - Памуккале - Саримсакли - Џунда (25)

Tурција 11ти Октомври l Бус
09.10-14.10.2020

1 ден  Скопје - Кушадаси 09.10.2020
Состанок со групата во 14:00 часот на Дрво Декор. Се патува од Скопје преку Бугарија без PCR тестови. ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
 
2 ден  Кушадаси 10.10.2020
Пристигнување во утринските часови во Eцебат каде со Траект преминуваме кон Азискиот дел на Турција. Патувањето продолжува кон Кушадаси  со  кратка пауза и можност за посета на легендарната Троја и макетата на коњот од филмот Троја. Продолжуваме кон Кушадаси и пристигнуваме во попладневните часови. Сместување во хотел и прошетка низ градот. Вечера. Ноќевање.
 
3 ден  Кушадаси –Памуккале – Кушадаси  11.10.2020                            
Појадок,заминување факултативно кон Памуккале: Памуккале е една од најголемите туристички атракции во Турција која секоја година ја посетуваат повеќе од 2 милиони гости од целиот свет. Памуккале е комплекс од необични минерални извори во плитките варовнички базени сместени на југозападот во Турција во близина на градот Денизли. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

4 ден   Кушадаси Ефес – Саримсакли  12.10.2020                         
Појадок, по појадокот факултативно заминување за Ефес: еден од најбогатите археолошки локалитети од Антички период, посета на куќата на Света Богородица, во која Дева Марија ги поминува последните денови од својот живот, посета на Ѕидот на желбите. Потоа се упатуваме кон малото градче Селчук каде се посетува Црквата и гробот на Св. Јован. Во попладневните часови се упатуваме кон Сарамсакли и посета на “Şeytanın ayağı” или така наречената Ѓаволска стапка-нога, местото од каде  можете со залезот на сонцето да ги направите најубавите фотографии (доколку дозволи времето). Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

5 ден  Саримсакли  - Џунда 13.10.2020                                                  
Појадок, по појадокот слободни активности и заминување кон Ајвалик: посета на Фабриката за производство на маслиново масло и маслинки-можност за дегустација и купување на истите.  Факултативно крстарење низ малите островчиња како и Џунда кој од 1963 година е поврзан со градот и е претворен во полуостров. Враќање во Ајвалик и слободно време за  индивидуална прошетка покрај море и прошетка низ најпознатиот пазар во Ајвалик. Во попладневните часови заминување за Македонија

6 ден  Скопје  14.10.2020
Пристигнување во Скопје во попладневните часови

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз на наведената релација со автобус според протоколите за превоз на патници
  • Тргнувања од Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Куманово, Крива Паланка 
  • Сместување во хотел  4* во Кушадаси  - 2 ноќевањa со појадок и вечера
  • Сместување во хотел  4 * во Саримсакли - 1 ноќевање со појадок  и вечера
  • Eцебат – Чанаккале - Ецебат 
  • Пратител на патувањето 

Факултативни излети 

  • Пoсета на Троја 11€
  • Крстарење со брод во Ајвалик и посета на Џунда 20€
  • Посета на Памуккале -30€ (превоз, влезница и водич)
  • Куќата на Дева Марија и Античкиот Град Ефес 25 € (превоз, влезница и водич)

Доплата за 1/1 соба 35€

 
ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: 185€ 
Промотивна цена за уплата до 25.09 -165€


НАПОМЕНА:

  • Се патува преку Република Бугарија каде не е потребен тест
  • Пасошот мора да има важност минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот
  • Задолжително носење на маски во автобус и патничко осигурување
  • Почитување на протоколите за пополнетост во автобус до 75%