Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас!
Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и будванската ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.
Програма
Ден 1 – 20.05.2022 (петок)
Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2 – 21.05.2022 (сабота)
Пристигнување во Будва во утринските часови. Сместување во Вила Јулија во центарот на Будва. Слободно време за прошетка низ стариот град на Будва или посета на Словенска плажа. Ноќевање.
Ден 3 – 22.05.2022 (недела)
Третиот ден е предвиден за факултативна посета на градот Херцег Нови и Тиват. Најпрво се упатуваме кон Портомонтенегро - уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. По посетата на Тиват, се качуваме на брод - траект и го продолжуваме патувањето кон Херцег Нови. Херцег Нови е град на брегот на Јадранско Море и во подножјето на планината Орјен. Херцег Нови е центарна Општина Херцег Нови и е најголем град со српско население на брегот на Јадранско Море. Градот бил познат и под името Castelnuovo. Поради важното стратегиско значење, во градот биле подигнати неколку тврдини. Прва во низата одбранбени линии била Цитаделата (позната и како Macel) чии остатоци денес лежат во непосредна близина на тврдината Forte Mare. Слободно индивидуално време за прошетка низ градот. Во договорено време се упатуваме кон Будва. Попатно следува панорамски разглед на Котор. Враќање во Будва. Ноќевање.
Ден 4 – 23.05.2022 (понеделник)
Слободен ден за индивидуални активнности, прошетка, плажа, капење - доколку дозволат временските услови. Ноќевање.
Ден 5 – 24.05.2022 (вторник)
Одјавување од вилата во договорено време и потоа слбодно време до поаѓање. Во договорено време поаѓање за Скопје. Попатна кафе пауза и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море – Свети Стефан. Пристигнување во Скопје околу полноќ.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 69 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања во Вила Јулија во центар на Будва
- Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Целодневна факултативна посета на: Херцег Нови, Тиват (Порто Монтенегро) - 20 евра
- Туристичка такса 2 евра по лице
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, доплата 7 дена пред поаѓање
- Се патува со лична карта или пасош
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници