• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Белград и Нови Сад (5)

БЕЛГРАД: Сместен на вливот на реката Сава во Дунав, еден од најстарите градови во Европа, боемски град, град со богата историја и културно историски знаменитости.
НОВИ САД: Сместен на реката Дунав, познат по Петроварадинската тврдина, град кој ја спојува традиционалната и современата модерна архитектура.
С. КАРЛОВЦИ: со прекрасна барокна архитектура од времето на Хабзбуршката монархија.


05.03.21 Поаѓање во 00.15 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Слободно време во центарот на Белград по ул. Кнезмихајлова. Сместување во хотел. Вечерта посета на боемската четврт Скадарлија – симбол на градот со познатите кафани: Три шешири, Два јелена, Има Дана…. Враќање в хотел. Ноќевање.

 06.03.21 Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад – разгледување со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание, Петроварадинската тврдина … Потоа се продолжува до градот Сремски Карловци кој освен со својата архитектура познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут – ароматично вино со 17 % алкохол, кое може да се вкуси во некоја од винариите во Карловци. Притоа ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата – летна резиденција на српскиот патријарх, нај – старата Српска гимназија, фонтаната “Четири лава”… Потоа поаѓање за Инџија за посета на “BIG Fashion park” – аутлет шопинг центар. Вечерта враќање во Белград. Ноќевање.

 07.03.21 Појадок. После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Посета на трговскиот шопинг центар Ушче, како и слободно време. Попладнето поаѓање за Македонија, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.


ЦЕНА: 4.900,00 денари


Во цената се вклучени следните услуги:
– автобуски превоз на дадената релација според протоколот за превоз
– сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок
– разгледување на Белград со локален водич
– лиценциран придружник на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги:
– здравствено патничко осигурување – 200 денари
– целодневен излет до Нови Сад, С. Карловци и Инџија – 10 евра
– крстарење со сплав по реките Сава и Дунав – 10 евра
– влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици

Напомена: Рок на пријавување до 25.02.2021 година.