• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ИСТАНБУЛ (74)

 

Промо цена: 80e по лице до 08.02.2020

Редовна цена: 90е по лице 

 

ПРВ ДЕН – 17.04 (ПЕТОК)

Средба на групата на паркинг на ВИП ХОТЕЛ во 15:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. За потврда на точно време и место на поаѓање, агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање.


ВТОР ДЕН- 18.04 (САБОТА)
Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена. Првиот ден по самото пристигнување започнува реализацијата на пешачка тура која од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот завршува пред „Аја Софија“. Ова пешачка тура се реализира со лиценциран локален водич од кого ќе научите доста за  стариот град. Истата тура е вклучена во цената.

09:30h до 13:00h: Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.СЛОБОДНО ВРЕМЕ ДО 15:30 ЧАСОТ! 16:00h: Посета на Сафир 4Д кула. Ова станбена зграда важеше за една од највисоките облјекти во Истанбул. Се наоѓа во Левент, област која турците ја нарекуваат истанбулскиот „Менхетен“. Патниците коишто ќе се решат да ја посетат Сафир кулата ќе имаат можност да го набљудуваат градот од една птичка перспектива и тоа на отворен балкон кој го опкружува најгорниот спрат на кулата и е ограден само со стакла. Досегашната пракса покажала дека Сафир е место од каде може да се направат едни од најубавите фотографии за социјалните мрежи. Во самата внатрешност на објектот на најгорниот спрат се наоѓа кино проекција, која не е обична туку 4Д проекција која виртуелно те вози низ Истанбул. Ова проекција со 3Д наочари е вклучена во цената на пакетот. Сафир има и трговски центар на четири спрата.По завршувањето со посета на Сафир групата се упатува кон плоштадот „Таксим“.ТАКСИМ. Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!. По посетата на Таксим групата се враќа во хотел. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН- 19.04 (НЕДЕЛА)
Денот започнува со појадок! Веднаш по појадокот групата се упатува кон едно незаменливо крстарење по Босфор.

08:20h КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. Ова екскурзија ви нуди набљудување и фотографирање на најубавите места што се наоѓаат на самиот кеј на Босфорот. Истанбул има и азиски дел, доста модерен и современ! Затоа ние ве водиме на азискиот континент со панорамски разглед на модерната бизнис страна на градот по што групата завршува во едни од најлукузните трговски центри во градот.10:30h ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТАТА. Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.10:15h ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ИСТАНБУЛ: Панорамскиот разглед на истанбул трае од самиот старт на денот до самиот крај. Меѓутоа мора да се нагласи во делот по Долмабахче бидејќи ова возење е низ најубавиот предел на градот. Автобусот движи во непосредна близина на стадионот Ортакој, старата турска касарна, во непосредна близина на доста луксузни хотели, а самата панорама е збогатена со многу информации од лиценцираниот водич кои ги презентира во автобусот. 13:00h ПОСЕТА НА ЕМИРГАН „ПАРКОТ НА ЛАЛИЊАТА“. Она по што се разликуваме од останатите агенции е тоа дека на секоја екскурзија вметнуваме нешто ново, а симболично за периодот во кој се посетува Истанбул. Затоа за ова патување ние го имаме Емирган. Со своите шарени павилјони, милиони лалиња и неверојатни погледи на Босфорот, овој парк важи за еден од главните локации на фестивалот на лалето. Многу концерти, изложби на традиционална турска уметност, калиграфија, изработка на стакло и фотографски изложби се одржуваат во паркот во месец април.16:30h ПОСЕТА НА EMMAR SQUARE MALL И WATERGARDEN. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН- 20.04 (ПОНЕДЕЛНИК)

Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. По одјавувањето на рецепција заедно со куферите групата се упатува кон автобусот и ја посетуваме фабриката ” Kоска ” ( фабрика за традиционални благи работи).

Освен фабриката „Коска“ се посетува и трговски ценар каде патниците имаат доволно време да го заокружат ова патување со добар шопинг. 

НАПОМЕНА: АГЕНЦИЈАТА ИМА ПРАВО НА ПРОМЕНА НА ПРОГРАМАТА, ДОКОЛКУ ЗАКЛУЧИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ОГРОМНА ГУЖВА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ИЛИ ВО САМИОТ ГРАД! МЕНУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА ВО ВАКВИ ВОНРЕДНИ СЛУЧАЕВИ, Е ВО ПОЛЗА НА ПАТНИЦИТЕ.

Задолжително: Проверете го рокот на важење на вашиот пасош. За влез во Турција рокот на важење на вашиот пасош не треба да биде помал од 6 месеци од моментот на влегување и излегување во Турција.


ЦЕНИ:

Промо цена: 80e по лице до 08.02.2020
Редовна цена: 90е по лице 

 

Во цената на аранжманот е вклучено: 

– Две ноќевања во хотелско сместување со 3* со појадок во населбите Аксарај/ Лалели 
– Превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
– Пешачка тура со локален водич (Хотел, капали чаршија и хиподром)
– Пратител за време на престојот од агенција
– Посета на фабриката Коска
– Посета на трговски центар


Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативните излети ( Се плаќат во автобус исклулчиво во евра )
– Патничко осигурување ( Се плаќа во агенција )
– Доплата за сингл соба 30е за целиот престој ( Доколку патувате сам/а )
– Доплата за туристичка такса 2е за 2 ноќевања од лице ( Се плаќа во автобус )


Цени на факултативните излети ( Цените на факултативните излети не се вклучени во аранжманот )

Аја Софиа
Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки)- Цена 20 €
Посета на облакодерот Сафир со вкучена кино проекција и плоштад „Таксим“
Пакет составен како најдобар избор на патниците –  Цена 25 €
Крстарење по Босфорот
Час и половина крстарење по Босфор- Цена 20€
Посета на палатата Долмабахче
Прошетка во палатата и дворците на султаните. Кемал Ататурк последните денови ги поминал во оваа палата- Цена 20 €
Панорамски разглед со посета на паркот на лалето
Панорамскиот разглед започнува од самиот хотел со локален водич од причина што се продава во склоп на пакетот.
Истиот траење до завршување на целодневната програма- 15 €
Ноќен Истанбул- Посета не Emaar Square Mall и Watergarden
Овие два трговски се најновите атракции во азиската страна во Истанбул.- Цена 20€
(Во Emar Square има аквариум. За оние коишто ќе сакаат да го посетат, истиот се доплаќа одделно и изнесува 13€)
Вип пакет ( Сите тури )- 120€ (Со вклучен аквариум во ВИП пакетот)

Факултативите оделно изнесуваат 133 евра. Доколку ги купите како ВИП пакет имате заштеда од 13 евра по лице или 120 евра за тридневно уживање
Пакет 2 – 65€ (Намалување од 75 евра)
Kрстарење по Босфор

Посета на Долмабахче палатата
Панорамски разглед со посета на паркот на лалето
Ноќен Истанбул ( Emar Square Mall и Watergarden )- Не е вклучена посетата на аквариумот

Напомена: Пакет 2 освен крстарење по Босфорот, другите екскурзии не можете да ги земете одделно од причини што сите тури се споени една со друга и е подобро за самите патници  да го доживеат градот во најдобро светло. Доколку одите само на крстарење, агенцијата е должна да ве однесе  до пристаниште и да ја реализриа екскурзијата. За враќањето се организират патниците во сопствена режија