ВИЛА МАКЕДОНИЈА И ВИЛА АРИСТОН (86)
Кефалонија е најголемиот остров од групите Јонски острови. Името го добило според својот изглед (остров со глава) – кефало на грчки значи глава. Интересната историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер “Мандолината на капетанот Корели”. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум светот. Кефалонија има околу 250 километри долга плажа, а најпознатата е во заливот Митрос, која е една од петте најубави плажи во целиот Медитеран. Островот се состои од два поврзани дела, источен и западен помеѓу кои се наоѓа заливот Аргостоли.
Плажа Миртос
Се вели дека не сте биле на Кефалонија ако не сте го посетиле ова место. Заштитниот знак на островот и една од најсликовитите плажи во Грција. Водата е нереално бистра и се гледа буквално секое камче на дното. Плажата е огромна и колку и да има туристи, можете да си најдете место за себе.
СКАЛА
Скала е едно од најпосетуваните места на Кефалонија, а како не би било кога тука имате буквално се што ви треба за да имате совршен одмор: уредени долги плажи, ресторани, барови, таверни и тоа што е најважно, мирисот на морето. Плажата е мешана со ситни камчиња и песок.
ВИЛА МАКЕДОНИЈА – Порос
Вила Македонија е сместена на околу 40 метри од плажата и главниот плоштад на Порос во првата уличка. Се состои од двокреветни и трокреветни студија, и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со прибор за соодветниот број на лица и тераса. Вилата се наоѓа на околу 270 метри или 3 минути од најблискиот базен, кој е достапен за гостите со конзумација. Вилата има безжичен интернет и клима уред за чие користење со доплатува по желба на лице место
ВИЛА АРИСТОН – ПОРОС
Вилата Аристон е сместена на околу 40 метри од плажата и главниот плоштад на Порос. Тоа што ја прави посебна е прекрасната природа која изобилува околу неа.
Вилата располага со двокреветни студија, кои се опремени со мини кујна со основен кујнски прибор, тераса и ви-фи интернет.
СПЕЦИЈАЛНА АКЦИЈА ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ FIRST MINUTE
ПРОМО ЦЕНИТЕ ВАЖАТ ДО 01.07
НАПОМЕНА: Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 25€ по лице. На промо цените нема одбивање за сопствен превоз.
Сместување | Вила Македонија | Вила Аристон | ||||
Термин | Тип соба | Редовна по лице | попуст | Тип соба | Редовна по лице | попуст |
13.06-22.06 | 1/5 1/4 1/3 1/2 |
159€
169€ |
139€
129€ |
1/2 | 189€ | 139€ |
22.06-01.07 | 1/5 1/4 1/3 1/2 |
179€
189€ |
149€
139€ |
1/2 | 209€ | 159€ |
02.09-11.09 | 1/5 1/4 1/3 1/2 |
159€
179€ |
149€
159€ |
1/2 | 199€ | 169€ |
11.09 – 20.09 | 1/5 1/4 1/3 1/2 |
139€
159€ |
119€
129€ |
1/2 | 179€ | 139€ |
ВАЖНО:
- Со уплата и резервација на аранжманот, патникот е согласен и ги прифаќа условите за патување кои ќе важат во моментот на реализација на патувањето, односно мерките кои тогаш ќе бидат поставени од Република Грција и Македонија.
- Странките кои ќе го искористат КОВИД ваучерот, ги прифаќаат сите услови и доколку не можат да патуваат должни се да ја известат агенцијата најдоцна 15 дена пред реализација на патувањето. Вo случај да не се патува, ваучерот пропаѓа и не постои можност да се продолжи неговата важност.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Кефалонија
- Автобуски превоз на дадената релација
- Туристички придружник за време на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
- Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице
- Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус)
НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз
• Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
•Доплата за клима 5 евра од ден по желба
•Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Check in во собите е после 14h по грчко време
- Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
- Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
- Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
- Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
- Вилите имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Порос. Сместување во апартманите. За време на престојот во Кефалонија ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија