VILA NOEL (15)

 

На околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања.

Вила Ноел се наоѓа во строгиот центар на одморалиштето во пешачката зона (улицата која оди кон морето од кружниот тек), на 80 метри од градската плажа. Студијата се на високо приземје и кат и се опремени со клима (Јули и Август климата е вклучена во цената, Септември се доплаќа 5€), wifi, фен и ТВ. Студијата со четири кревети содржат опремена кујна, француски кревет и стандардни кревети на спрат, пространа тераса. Вила Ноел нема крпи и нема можност за паркирање на улицата пред вилата.

 

 

 

ТЕРМИН

НАЕМ

1/4 стд

26.05

7 ноќи

310

02.06

7 ноќи

370

09.06

7 ноќи

460

16.06

7 ноќи

490

23.06

7 ноќи

530 €

30.06

7 ноќи

550 €

07.07

7 ноќи

590

14.07

7 ноќи

690 €

21.07

7 ноќи

690 €

28.07

7 ноќи

690 €

04.08

7 ноќи

690 €

11.08

7 ноќи

690 

18.08

7 ноќи

650 €

25.08

7 ноќи

580

01.09

7 ноќи

450

08.09

7 ноќи

370

15.09

7 ноќи

320

22.09

7 ноќи

250

 

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 1,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€

деца до 12 години 35 € / Еден правец 30 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 



Период1/4 Studio
room only
28.07.2024
7 ноќи
42780
04.08.2024
7 ноќи
42780
11.08.2024
7 ноќи
42780
18.08.2024
7 ноќи
40300
25.08.2024
7 ноќи
35960
01.09.2024
7 ноќи
27900
08.09.2024
7 ноќи
22940
15.09.2024
7 ноќи
19840
22.09.2024
7 ноќи
15500