КИПАР | 3НП 319€ (15)
КИПАР 02.03 - 05.03.2024
КИПАР е островска држава во Средоземното море, а такму влијанитео на средоземната медитеранска клима и неговата местоположба се причина да на Кипар доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот е единственот во светот кој припаѓа на двете држави... Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Ларнака, големотото шеталиште со палми и соленото езеро со фламингоси се дел од причините да се биде тука... Лимасол, модерен, богат, град кој поради многу нешта претендира да стане економски центар на Кипар...Никозија, антички наречена Ледра, градот кој покрај тоа што припаѓа на две држави, исто така има и две временски зони... интересно е да се биде во град каде што со пасош ќе преминете улица...
02 март СКОПЈЕ – ЛАРНАКА
Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Инн. Трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 09:40 ч. Слетувањето е во 11:40 часот. Организиран трансфер до хотелот. Разглед на градот: прошетка низ најпознатата улица со палами “Finikoudes” во строгиот центар на градот, покрај која се наоѓа и прекрасната песочна плажа, Тврдината изградена за одбрана од пиратите, во определен период користена како затвор, а денес е музеј...посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка низ Ларнака или можност за факултативна вечерна прошетка во Аја Напа. Ноќевање.
03 март ЛИМАСОЛ и ПАФОС
Појадок. Предлагаме факулатитвна посета и разглед на вториот по големина град, Лимасол. Уште наречен и ,,Кипарска ривиера” поради пријатната клима и развиената туристичка инфраструктура. Тука се најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови... На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето, во срцето на градот е Средновековниот дворец, каде што англискиот крал Ричард се оженил со Беренгарија, каде и крунисана за кралица на Англија, пазарот и пристаништето со луксузни јахти... Продолжуваме кон Пафос - град на југозападниот брег на Кипар. Населена уште од неолитско време, има неколку локалитети кои се однесуваат на култот на божицата Афродита, чие митско родно место било Стариот Пафос (Куклија). Нов Пафос е модерниот град кој го вклучува пристаништето и античките урнатини, тврдини, театри и вили во археолошкиот парк Пафос. Во 1980 година, Пафос беше вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО поради неговата античка архитектура, мозаици и античко религиозно значење. Избрана е за европска престолнина на културата за 2017 година. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
04 март НИКОЗИЈА
Појадок. Факултативна посета на Никозија. Главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Разглед: се посетува Северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција, некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија, посета на делот од градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари, Бујук Хан – затворениот пазар, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција. Прошетка по Ледра, денес името на напопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка и слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
05 март ЛАРНАКА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром, полетување во 06:40 часот. Слетување во Солун во 08:55 часот. Можност за посета на Космос шопинг центар. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 € /24.740 мкд
-20% попуст за ранa уплатa до 18.01: 319 € / 19.780 мкд
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
Трансфер Скопје – Слоун аеродром - Скопје
Авионски билет Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air;
Аеродромски такси
Трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување во хотел Livadhiotis City Hotel 3* на база 3 ноќевање со појадок
Организиран разглед на Ларнака
Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж, инфо за цена во агенција на 55дена пред патувањето.
Туристичка такса 560 ден
Факултативна посета на Никозија – 60 евра
Факултативна посета на градот Лимасол и Пафос – 65 евра
Факултативна посета на Аја Напа – 25 евра
Доплата за еднокреветна соба 3.400 денари
Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.