САРАЕВО 2НП (37)

САРАЕВО – МОСТАР  – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – БУНКЕРОТ НА ТИТО, ТУНЕЛ РАВНО СО ПОСЕТА НА ТЕРМАЛНА РИВИЕРА

Сараево, главен град и културен центар на Босна и Херцеговина.

Лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Сараево е релативно мал град во споредба со светските метрополи, но неговото име е синоним за богат духовен, историски и природен изглед.

Наречен “Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“, е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство. Град со околу 400.000жители, бурна историја, град домаќин на 14-те Олимписки игри(1984).

Прв ден: 07.03.2024  Велес – Сараево

Поаѓање во вечерните часови.Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден:08.03.2024  Сараево 

Пристигнување  во Сараево во претпладневните часови. Пешачки разглед на градот со локален водич и посета на : градската куќаЛатинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, катердалата Срце ХристовоСоборната црква Св. ТројцаГази Хусрефбегова и Царската џамијаБашчаршијамостовите….Сместување во хотел.Слободно време за индивидуални прошетки.

Ноќевање.

 

Трет ден:09.03.2024  Сараево – Бункер на Тито-Јабланица –Мостар – Сараево.

Појадок.

По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Посета на Бункерот – атомското скривалиште на Тито во Коњиц, а потoа се продолжува кон Јабланица  со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат по битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Вклучена посета на: Стариот мост,  улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн.

Во попладневните часови враќање кон Сараево. Ноќевање.

 

Четврти ден: 10.03.2024  Сараево- Босански Пирамиди – Вишеград – Велес

Појадок.

Напуштање на хотелот. Факултативна  посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот – Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечинатана Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето, е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме со посета на тунелот ”Равно 1” во кој имаме  околу еден час посета во внатрешноста  на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пиреамидите.  Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел.

***Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотелот.

Заминување кон градот Вишеград.Го посетуваме симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“на Иво Андриќ.Воедно го посетуваме и ,,Андриќ Град”познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ.

Поѓање кон Македонија со попатни паузи.

Пристигнување  во Велес на 11.03.2024 во утринските   часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 119 евра / 7380 денари

ПРОМО ЦЕНА ДО 15.02.2024 109 евра / 6760 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Aвтобуски превоз на дадената релација;

Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;

Разглед на Сараево со локален водич ;

Разглед на Вишеград и Андрич град ;

Лиценциран придружник на групата.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;

-Полудневен излет до Мостар и разглед + посета на Бункерот на Тито – 40 евра (минум 35 патници);

-Посета на Босански Пирамиди 25 евра  (миниум 35 патници);

-Туристичка такса 2 евра – се плаќа во агенција;

-Доплата за 1/1 соба е 2.500 ден.

НАПОМЕНИ:

Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;

За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;

За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;

Може да се патува и со лична карта.

***Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.