MILOS HOUSE -10/11 noki so sopstven prevoz (53)

MILOS Studios се наоѓаат во строгиот центар на Парга, веднаш над црквата и основното училиште. Објектот е оддалечен околу  250 м од шеталиштето во пристаништето, додека градската плажа Крионери е оддалечена околу 450 м, а плажата Валтос околу 650м. Во непосредна близина има супер маркети, пекари, слаткарници, продавници за сувенири, ресторани, кафулиња, како и главниот пазар, кој е оддалечен околу 100м, а работи во понеделник и петок од 7 до 13 часот,

Објектот има 2 згради со студија и 3. зграда каде се рецепцијата и ресторанот. Опкружен е со зеленило и дава чувство дека сте во парк, а не во центарот на градот. Во дворот има маси и столици за гостите. Објектот поседува приватен паркинг.

Користењето на клима уредот се плаќа 5 еур на ден на лице место. WI–FI интернет конецијата е вклучена во цената. Чистењето на студијата е 6 пати неделно, а промена на постелнината и пешкирите е 2 пати во текот на престојот.

 

 
 

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

ОПИС:

1/2 СТУДИО

2 единечни (190 х 90 см) или 1 француски кревет (190 х 155 см), ТВ, клима уред (со доплата 5 еур на ден), шифоњер, 2 наткасни покрај креветот и наткасна со огледало, кујна во истата просторија со решо со 1 рингла, фрижидер и аспиратор и садови и прибор за 2 лица. Купатило со туш, бесплатна WI-FI интернет конекција. Има пешкири – 1 мал и 1 голем по лице. На терасата има маса со 2 столици.

 

 

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-20 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.